„Скопје ќе го завиеме со албански знамиња“

Од:

Дуи смета дека за поставувањето на знамињата нема потреба од согласност од коалицискиот партнер и се поставени се за претстојниот празник на денот на албанското знаме. И од невладината „Разбуди се“ со слични пораки и со повик до Македонците и тие да го развеат албанското знаме.

„Скопје нема да се разликува од Валона, Тирана и другите албански градови на прославата на Денот на албанското знаме“, порача Изет Меџити, градоначалникот на Чаир, од редовите на владејачката ДУИ.

„На стогодишнината од независноста на Албанија, Скопје ќе се обвитка во знамето на Албанија и ќе се обои во „црвено-црно““, ова го најавија денеска од невладината „Разбуди се“.

Од оваа невладина организација денеска пред споменикот на Хасан Приштина во Скопје, заедно со градоначалниците од ДУИ, промовираа донација од стотици албански знамиња кои ќе им ги подарат на Албанците за да ги закачат на видни места како што се тераси, дворови, домови, продавници.

Би можело да ве интересира

Прекршочна постапка против градоначалникот на Струга за неупотреба на државното знаме

Германските трговци очекуваат слаба продажба за време на празничната сезона

Инфлуенсерка од БиХ ја разбесни турската јавноста, танцуваше околу столб со државното знаме

А1он

Во 2025 година пет продолжени викенди

ДУИ: Панче Тошковски да поднесе оставка, покажува отсуство на професионализам и кредибилитет

Мицкоски: Граѓаните да не наседнуваат на провокации, упатувам порака за единство и смиреност