Инфлуенсерка од БиХ ја разбесни турската јавноста, танцуваше околу столб со државното знаме

Од:

Босанската инфлуенсерка и гимнастичарка – Мејрем Чуљевиќ се најде на удар од турските медиуми и власти откако објави видео на својот Инстаграм профил на кое танцува околу столб со знамето на Турција.

Се вели дека видеото е направено во Кападокија, а знамето на Турција е прикажано на столбот, земја каде што непочитувањето на него се смета и за непочитување на државните симболи.

Турските власти затоа започнаа истрага врз основа на членовите 300 и 301 од Кривичниот законик, кои се однесуваат на навреда на националното знаме и навреда на турската нација и/или нејзините институции.

Во писмено соопштение издадено на 21 август од канцеларијата на гувернерот на турскиот град Невшехир, беше објавено дека безбедносните единици спроведуваат „итна“ истрага и откривање врз основа на објави во некои медиуми и платформи на социјалните медиуми.

„Канцеларијата на нашиот гувернер го следи овој гнасен инцидент, кој го сметаме за непочитување на националните и моралните вредности на нашата сакана нација, со педантност и чувствителност“ стои во соопштението.

Медиумите во Турција пишуваат дека казната за ваков прекршок може да достигне и до 4 години затвор.

Би можело да ве интересира

Поплави во Турција: Четири лица загинаа, три се водат како исчезнати

Во Турција уапсени 348 осомничени во акции против криминални организации

(ВИДЕО) Трагедија во Турција: најмалку 11 жртви и 27 повредени во сообраќајна несреќа

Катерина Ѓуровски

Турција ги забрани социјалните мрежи за деца под 15 годишна возраст

А1он

Во Турција на секои четири минути умира по еден човек како последица од пушењето

А1он

ВИДЕО: Пукање во училиште во Турција, осуммина повредени

Катерина Ѓуровски