Скопје, Гевгелија, Пелагонија зафатени од невремето

Од:

Невреме проследено со дожд, грмежи и ветер попладнево ги зафати гевгелискиот, пелагонискиот и скопскиот регион.

Од Управата за хидрометеоролошки работи информираат дека попладнево нестаблна облачна маса проследена со врнежи, грмежи и засилен ветер од северозападен правец се преместуваше од запад кон исток. Нестабилност имаше во Пелагонија и во скопската котлина која се движеше кон Куманово, Кратово и Крива Паланка. Во Тетовско е забележан ситен град, а силен ветер во Гевгелиско до 65 километри на час. Засилен ветер со брзина од 55 до 60 километри е забележан и во Скопје.

Најмногу дожд од 7 литри наврна на Зајчев Рид и 5 литри во Пожаране.

Во вечерните часови се очекува стабилизирање на времето и е можен само слаб дожд. Утре облачноста ќе се намалува и не очекува сончев ден. Нестабилно време можно е за време на викендот.

Би можело да ве интересира

Најмногу дожд наврна во Крива Паланка, попладне локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер

Големо невреме со пороен дожд, грмежи и град северозападно од Куманово

Торнадо ја погоди Словенија и остави пустош: илјадници луѓе останаа без струја

Температури над 40 степени, а потоа следува заладување

Околу 100 дрвја уништени во невремето во Куманово, ќе следи обнова со нови садници

Утре повторно силен ветер и нестабилно време со пороен дожд