Скопје е втор најзагаден град во Европа, во Струмица и Битола прекинати мерките

Од:

Скопје денеска повторно е меѓу десетте најзагадени градови во светот и втор најзагаден во Европа по Сараево. Главниот град има индекс од 177 и се наоѓа на деветтата позиција листата што ја објавува „IQAir“, а пред него има неколку градови од Индија, Кина, Бангладеш. Најзагадено е во Центар и Лисиче.

Во текот на денот се крена маглата под која се разбуди Скопје, но позицијата на листата на најзагадени градови не се подобри. Количеството на ПМ2,5 честичките во Скопје е 19,8 пати повеќе од вредноста што ја објавува Светската здравствена организација.

Министерството за животна средина информираше дека во Битола и Струмица престануваат да важат препораките и мерките за надминат праг на алармирање за загаденоста на воздухот.

– Согласно податоците од Државниот мониторинг систем за квалитет на амбиенталниот воздух на ден 5.01.2023 година, среднодневните концентрации на ПМ10 суспендираните честички се под дефинираниот праг на алармирање од 150 мg/m3, и епизодата од два последователни дена е прекината во Битола и Струмица и престануваат да важат препораките и мерките за надминат праг на алармирање се наведува во соопштението од МЖСПП.

Би можело да ве интересира

Државата троши над 20 милиони евра за нафта и мазут: Мапирани 700 јавни објекти загадувачи низ Македонија

Орце Костов

Зелен Хуман Град: 15 предлози за намалување на аерозагадувањето преку Град Скопје

Ана Ололовска

О2 Иницијатива: Митови и факти за загадувањето на воздухот со PM10 и PM2.5 во декември месец низ земјава

Ана Ололовска

Во Берово, Гостивар и во Тетово да не се излегува од дома, воздухот е екстремно лош – препораки од Институтот за јавно здравје

Катерина Ѓуровски

Надминат прагот на алармирање, во Тетово и Гостивар во сила мерките за заштита од загадениот воздух

Катерина Ѓуровски

Препораки за заштита од загадениот воздух во празничниот период