Скопје догодина ќе има целосно реновирана Железничка станица

Од:

По повеќе од 30 години Скопје ќе добие нова реновирана железничка станица која е изградена во 80-тите години по уривањето на старата во катастрофалниот земјотрес од 1963 година.

Реновираната железничка станица, за која Министерството за транспорт и врски веќе распиша тендер за избор на градежна компанија, се очекува да биде готова до крајот на идната година.

Реконструкцијата ќе го опфати ентериерното уредување на станицата, со подигнување на нивото на перонската платформа, поставување на нови лифтови, реновирање на чекалните, поставување на нови информативни табли и модерни пристапи за инвалидизираните лица.

– Проектот го правевме со здружението Полио плус и им излеговме во пресрет за сите нивни барања. Ќе има пристапни рампи, платформата ќе се крева повисоко, ќе има нови огласни табли, ке се менуваат ескалаторите и ке има нови лифтови. Значи целосно ентериерно уредување, истакнува министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески.

Инвестицијата ќе чини околу 2,5 милиони евра од кои 85 проценти се обезбедени од ИПА фондовите, а 15 проценти од домашно финансирање. Тендерот за избор на градежна компанија трае до 3 септември, а од ресорното Министерство очекуваат изборот на да заврШи најдоцна до почетокот на следната година.

Постоечката железничка станица во Скопје е вториот објект којшто е конструиран од јапонскиот архитект Кензо Танге по земјотресот во 1963 година.

Оваа железничка станица минатата година опслужила 653.868 патници, а во 2011 година 947.119 патници.

Би можело да ве интересира

Од 178 повредени, 101 пациент се третираат во странските медицински центри

Од 700 километри пруга, граѓаните користат 150: Државата ниту изгради ново, ниту модернизираше старо

A1on

(ВИДЕО) Пропуст од 25 милиони евра: Кинеските возови биле нарачани без простор за миленици и велосипеди

A1on

Трајно укината станицата над Богомила оти возот губел залет на угорнина: Жителите под Солунска глава и планинарите останаа без превоз

A1on

Пуштен сообраќајот за лесни возила на магистралата А3 кај Делчево

Ана Ололовска

Бочварски: Владата ќе помогне за санација на штетите од невремето во Делчево

Ана Ололовска