Скопјанец уценувал жена со снимени слики и видеа, го фатиле кога му ги дала парите

Од:

28-годишен скопјанец е под постапка во Обвинителството, откако е осомничен дека уценувал 32-годишна жена од скопско чии компромомитирачки снимки и фотографии поседувал. Тој ѝ барал 1.500 евра, заканувајќи се дека во спротивно ќе ги објави, според Обвинителството.

„Осомничениот 28-годишник, во периодот од 21 до 31 јануари, преку мобилната апликација Вибер, побарал од една оштетена да му даде 1.500 евра за да не објави нејзини фотографии и видео клипови со компромитирачка содржина. На 31 јануари, по претходен договор, се сретнале со оштетената во кафе бар на плоштадот „Македонија“, каде таа му предала парични средства во износ од 30.750 денари, односно 500 евра во денарска противвредност. Веднаш по преземањето на парите осомничениот бил приведен,“ информираат од ОЈО Скопје.

Надлежниот јавен обвинител, бидејќи постојат околности кои укажуваат дека постои опасност од бегство, до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор.​​

Би можело да ве интересира

Нема крај на измамите: на старец од Битола му зеле 10 илјади евра со приказна за повредена внука

Метален профил усмрти градежен работник од Велес

Тешка сообраќајка кај Кучевиште: еден загинат, еден тешко повреден

Катерина Ѓуровски

Прегазено четиригодишно дете во Скопје

Катерина Ѓуровски

Пијан маж ја нападнал малолетната девојка со која живеел

Катерина Ѓуровски

Кривична пријава за сопственик на сместувачки капацитет во Делчево, во кој при пожар на 1 јануари имало 30 гости

Катерина Ѓуровски