Скопјанец скрши наплатна рампа, па и бегаше на полицијата само да не го уапси за шверц на мигранти

Од:

Денеска околу 6.10 часот на автопатот Гевгелија – Скопје, во близина на наплатна станица Демир Капија, полициски службеници го уапсија И.Б.(22) од Скопје. При преглед во возилото „ауди“ кое го управувал, биле пронајдени 11 лица мигранти од Сирија, од кои дел се малолетници.

Претходно тој не застанал на знак за запирање, продолжил со движење и со возилото ја скршил рампата на наплатната станица. По преземени мерки возилото било запрено возилото, по што И.Б. се обидел да избега, но бил фатен и уапсен.

Мигрантите биле спроведени во прифатно-транзитен центар, а шверцерот е задржан во полициска станица.

По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Би можело да ве интересира

Трагедија во Хрватска – пет мигранти се удавија во реката Купа

А1он

(ВИДЕО) Шпанската полиција со гумени куршуми и пендреци ги отстранува мигрантите од плажите во Сеута

Предраг Петровиќ

ЕУ подготвува построги правила за азил и побрза депортација на мигранти по кризата во Сеута

Трамп со жестока порака за Шпанија: „Имате нула контрола врз границите“

Шпанските разузнавачи тврдат: Мароко го организирал масовниот упад во Сеута

Тунис: Телата на 19 мигранти пронајдени по потонувањето на брод