Скопјанец приведен и пуштен на слобода, осомничен за оштетување туѓи предмети

Од:

На 30. 05. 2016 година околу 20,15 минути на крстосница од улиците „Кочо Рацин“ и „11-ти Октомври“, согласно членот 158 став 3 од Законот за кривичната постапка, членот 45-а од Законот за полиција и членот 14-а од Правилникот за начинот на вршење на полициските работи, бил лишен од слобода Н.П.(47) од Скопје, кој управувал возило „Фиат Добло“ со скопски регистарски ознаки и однесен во Полициската станица од општа надлежност „Кисела Вода“ осомничен за сторено кривично дело „оштетување туѓи предмети“.

Од МВР денеска соопштија дека со лицето Н.П. е извршен разговор во Полициската станица од општа надлежност „Кисела Вода“ по што после полноќ е пуштен на слобода. 

При преглед во возилото, стои во соопштението, биле пронајдени и одземени три канти со дисперзиона боја од пет литри, две канти со кафена боја од три литри, девет канти со боја од литар, 11 спреја во разни бои, две ваљака за фарбање поголем број на водени пиштоли, две импровизирани направи составени од пластични цедилки и гумени ластици (катапулти), како и други предмети кои се предмет на кривично дело по член 243 став 2 од Кривичниот законик на Република Македонија.

По целосно расчистување и документирање на настанот против Н.П. ќе биде доставен соодветен поднесок до Основното јавно обвинителство Скопје.

Би можело да ве интересира

Полициска акција на повеќе локации, се апсат нарко дилери

Катерина Ѓуровски

МВР: Четири лица приведени за семејно насилство

Во напуштен објект во Аеродром пронајден е починат 38 годишен скопјанец – до него е пронајден пиштол

А1он

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода – констатирани прекршоци и изречени мерки

А1он

Уапсени се 12 возачи за безобѕирно возење

А1он

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари