Скопјанец почина од струен удар

Од:

Скопјанец почина вчера како последица од струен удар додека вршел градежни работи во семејната куќа во село Кучково во Скопје.

Во Полициската станица Ѓорче Петров било пријавено дека вчера околу 12.05 часот во село Кучково, 74 годишен маж од Скопје, додека во неговата куќа влечел котур со кабел, паднал и починал, информира Министерството за внатрешни работи во редовниот дневен билтен.

Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт како последица од струен удар.

По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот било предадено на семејството.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) МВР со засилени мерки против употребата на пиротехнички средства

А1он

ВИДЕО: Петардите не се играчка, оставаат последици и строго се забранети, предупредува МВР

Прекршочна постапка против градоначалникот на Струга за неупотреба на државното знаме

Систем „Безбеден град“: Излезот кон Тетово и Пластичарска – најризични делници во главниот град

А1он

Пријава за Џејла Рамовиќ, настапувала без дозвола во клуб во кичевско

СДСМ: Зошто МВР на Тошковски дозволило да се случи концертот на Аца Лукас