Скопјанец осомничен дека неовластено држел марихуана во куќата на неговиот дедо

Од:

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице, поради постоење на основано сомнение дека сторило кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.

– Осомничениот 25-годишник од непознато лице набавил наркотична дрога – марихуана со вкупна нето маса од 123 грама која ја чувал во куќата на неговиот дедо. Дрогата ја препакувал во 23 помали полиетиленски паковки со намера неовластено да ја продава. При претресот кај него била пронајдена и дигитална вага со остатоци од наркотична дрога, соопштија од ОЈО.

Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје доставил и Предлог за определување мерка притвор за осомничениот.

Би можело да ве интересира

Две кумановки и петмина банкари осомничени за измама со брзи кредити од над 12 милиони денари

Полицијата ловеше пијани возачи – одземени се 58 возачки дозволи

А1он

МВР: Уапсен е 73-годишен паланчанец кој силуваше 75-годишна познаничка

Нова кривична пријава против поранешниот градоначалник на Струмица Костадин Костадинов

Катерина Ѓуровски

Кривична пријава против директор и вработени во УХМР за злоупотреба на службената положба

На „Блаце“ уапсен кондовец баран за тероризам – му се закануваат 16 години затвор

А1он