Скопјанец обвинет за убиство во Долно Дупени

Од:

Основното јавно обвинителство Битола донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице поради постоење основано сомнение за кривично дело – Убиство од член 123 став 1 од Кривичниот законик.

На 30 јуни, осомничениот скопјанец, во местото Големи Грми во атарот на селото Долно Дупени, Ресен, со употреба на огнострелно оружје, со умисла го лишил од живот лицето Мустафа Азис од Горно Количани.

Поведената истражна постапка е во врска со пронајден череп и остатоци од човечки труп во фаза на распаѓање, во атарот на Долно Дупени на 27 и 28 јули. Пронајдените остатоци, по наредба на јавен обвинител, беа предадени на Одделението за судска медицина при ЈЗУ Клиничка болница – Битола каде беше извршена идентификација на починатиот и се утврди дека причината за смрт е насилна и предизвикана од проектил на огнострелно оружје испукан во пределот на тилот на жртвата.

Основното јавно обвинителство Битола, поради опасност од бегство и можност за попречување на постапката и прикривање на доказите, поднесе предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице.​

Би можело да ве интересира

Кривична пријава за убиството во Чаир: Двајца осомничени за смртта на 26-годишникот

Ја уби сопругата додека детето славеше роденден – таа повика полиција еден час претходно

А1он

Иранскиот паравоен командант Абдолрауф Ешаги е убиен во терористички напад

А1он

Убиство во Дуќанџик – пукаа кон петмина, 26 годишен скопјанец настрада

А1он

Поради кавга заради гласна музика, синот го претепа и го запали својот татко во креветот

А1он

Крвав семеен конфликт во Велико Градиште: Полицаец уби зет и 19-годишна внука, па се самоуби