Скопјанец ја повреди сопругата и нејзината мајка, се закануваше дека ќе си го убие детето

Од:

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 36-годишник за кого постои основано сомнение дека сторил кривични дела – Телесна повреда, Загрозување на сигурноста, како и Предизвикување општа опасност.

Синоќа околу полноќ, во семејниот дом во Скопје, осомничениот изврши семејно насилство и ги повреди сопругата и нејзината мајка.

Од ОЈО велат дека со намера да ги вознемири и заплаши, осомничениот почнал да вика и да се заканува на сопругата и на нивните две деца на возраст од 6 и 4 години. Кога оштетената побарала да престане, тој ја фатил за раката и ја турнал, нанесувајќи и телесни повреди.

– Потоа осомничениот започнал да ја крши покуќнината и со клуб маса замавнал кон мајката на сопругата, која исто така телесно ја повредил на ногата и во градниот кош. Се заканувал дека сите ќе ги убие, па и дека ќе го задави сопственото дете, при што во еден момент извадил и нож со кој замавнувал, предизвикувајќи чувство на загрозеност, несигурност и страв кај оштетените. Сопругата успеала телефонски да ги повика нејзиниот брат и татко. Осомничениот продолжил и ним да им се заканува со ножот, а од боксот го пуштил во дворот и своето куче од расата “шарпланинец” кое го гризнало еден од оштетените на надлактицата и потколеницата, нанесувајќи му телесни повреди – рани од угриз, велат од ОЈО.

Имајќи ги предвид сите дејствија на осомничениот, околностите што очигледно укажуваат на опасност од бегство, како и стравувањето дека тој би можел да ги повтори дејствијата на семејно насилство, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор.

Би можело да ве интересира

Седум случаи на семејно насилство за едно деноноќие: Четири лица се уапсени

Нападнати се син, брат, сопруга и партнерки – петмина насилници завршија со лисици на рацете

А1он

Три лица лишени од слобода, вкупно пет пријави за семејно насилство во последното деноноќие

Притвор за скопјанецот кој со шлаканици, клоци и со мобилниот телефон ја тепаше екс партнерката

А1он

Тошковски: Загрижува растот на семејното насилство

Три лица се уапсени за семејно насилство, вкупно пет пријави во последното деноноќие

Горан Наумовски