Скопјанец им се заканил на полицајците: Ако влезете, ќе пукам во своето дете!

Од:

Обидувајќи се да ги држи полициските екипи подалеку од неговиот дом поради поголемата количина на оружје и муниција која ја поседувал во домот, 43-годишниот скопјанец Д.Ѓ. на 2-ри месецов го држел сопственото дете како заложник.

Единица за недозволена трговија со оружје и експлозивни материи имала сознанија дека Д.Ѓ. неовластено набавил и чувал во неговиот дом во с. Раштак поголема количина на оружје и муниција.

Поради тоа во содејство со полициски службеници од ЕПОИ-АЛФА, Единицата превзела мерки за претрес во неговиот.

Кога полициските службеници пристигнале пред домот на пријавениот и затропале на влезната врата, на еден од прозорците се појавил пријавениот со неговата сопруга и малолетно дете кое го држел во раце и вперувајќи пушка кон полициските службеници им се заканил дека ако се обидат да влезат ќе пука и во нив и во сопственото дете, по што со мебел ги забарикадирал двете влезни врати од куќата.

По два часа пријавениот се сложил да пушти внатре еден полицаец од Единицата за недозволена трговија со оружје и експлозивни материи. Откако тој влегол во куќата, во првиот момент кога Д.Ѓ. се оддалечил од жената и детето, бил совладан, извршен бил претрес и најдени се поголемо количество оружје и муниција.

На осомничениот му е одреден триесетдневен притвор.

Тој во деведесетите е двапати кривично пријавен за извршени две тешки кражби, поседува дозвола за пиштол и пушка, а во разговорот одбил да даде појаснување од каде и како се набавени пронајденото оружје и муниција во неговиот дом.

Би можело да ве интересира

Во тетовско Џепчиште уапсен 15 годишник за закани со убиства и поставување бомби

Полицијата интервенираше: Пет лица се поврзани со случаи на семејно насилство

Горан Наумовски

МВР: За две недели поднесенa e 21 кривична пријава за семејно насилство

Горан Наумовски

Тошковски: Во два дена четворица изведовме пред правдата за насилство врз жени, ги охрабрувам жртвите да пријавуваат

Предраг Петровиќ

Лишени од слобода 15 возачи поради возење без возачка дозвола, со активна забрана и под дејство на алкохол

„Безбеден град“ детектира 4.910 прекршоци за седум дена