Склучени педесетина договори за набавка на огревно дрво во Гостивар

Од:

Во подружницата на Јавното претпријатие „Македонски шуми“ Шар-Гостивар, од почеткот на годината склучени се педесетина договори за набавка и испорака на огревно дрво. Најмногу од заинтересираните граѓани ја користат можноста за плаќање на рати.

– Од објавувањето на огласот секојдневно се склучуваат по четири до пет договори, а во наредниот период очекуваме и зголемување на интересот кај граѓаните. Крајниот рок за поднесување на барања и склучување на договори е З март и до тој датум цената ќе биде загарантирана. Тоа значи дека за еден кубик буково дрво ќе се плаќа по 2.370 денари и 2.450 денари за даб”, вели Форе Милошевски раководител на подружницата „Шар-Гостивар“.

Според него граѓаните имаат можност да го отплаќаат огревното дрво на шест еднакви рати, а првата рата се плаќа со склучување на договорот. Превозот се плаќа дополнително.

Граѓаните од социјално ранливите категории можат да користат и некои предвидени поволности. За нив е предвидено, огревното дрво да го плаќаат на повеќе рати, а добиваат и 10 проценти попуст, доколку ја платат целата сума одеднаш.

Минатата година, гостиварската подружница на ЈП „Македонски шуми“ испорача и продаде 12.500 метри кубни огревно дрво.

Би можело да ве интересира

Кривична пријава за нелегална сеча, штета од над два милиони денари

„Нема да ви пишеме казна, ама ќе ви ги земеме дрвата“ – уапсени вработени во Национални шуми

Анита Петровска Рајковиќ

Фалсификувал дозволи за сечење дрва – наплаќал по 200 евра од камион

Анита Петровска Рајковиќ

Кумановка измамена при набавка на огревно дрво

Нелегална сеча на дрвја во Националниот парк „Пелистер“

Ана Ололовска

Герила акција – Скопските дрвја во синџири