„Сканија“ со 49 мигранти излета од патот кај село Марвинци, возачот избегал

Од:

Вчера во 18.20 часот во Полициската станица Валандово било пријавено дека на магистрален пат М-1, во близина на клучка за село Марвинци, валандовско, товарно возило „сканија“ со приколка, со скопски регистерски ознаки, излетало од патот, извести МВР.

– Возачот се дал во бегство, а на лице место се пронајдени 49 мигранти, кои според нивно кажување се од Сирија. Во несреќата едно лице мигрант се здобило со тешки телесни повреди, а 34 се здобиле со телесни повреди, констатирани во медицинските центри во Гевгелија и Струмица. Останатите лица мигранти се пренесени во Прифатно-транзитниот центар „Винојуг“ Гевгелија, соопшти МВР.

За настанот бил запознаен Јавен обвинител од Основно јавно обвинителство Велес, а увид на местото извршила екипа на Полициска станица Валандово.

Би можело да ве интересира

Полициска акција на повеќе локации, се апсат нарко дилери

Катерина Ѓуровски

МВР: Четири лица приведени за семејно насилство

Во напуштен објект во Аеродром пронајден е починат 38 годишен скопјанец – до него е пронајден пиштол

А1он

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода – констатирани прекршоци и изречени мерки

А1он

Уапсени се 12 возачи за безобѕирно возење

А1он

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари