Скандал: Марина станал ректор без нострифицирана диплома

Од:

Просветниот инспекторат, на вонредната инспекциска контрола на охридскиот Универзитетот за информатика „Св. Апостол Павле“, во Охрид, констатирал голем број неправилности .

„Наместо законскиот минимум од пет факултети за да постои универзитет, на „Св. Апостол Павле“ во академската 2012/2013 година, функционираат само четири факултети“, пишува „Плусинфо“.

Незаконски се избрани дел од деканите, не се почитувал законскиот временски рок од 5 години при изборот за доцент, вонреден и редовен професор на ректорот Нинослав Марина, а за предвремен избор немало иницијатива од најмалку два института.

Како што објави порталот, инспекторатот констатирал дека освен Марина, и голем дел од академскиот кадар кој предава на Универзитетот, а се претежно професори од странство, немале нострифицирани дипломи од државата во моментот кога биле бирани, што е состојба без преседан.

Еве што пишува во текстот на „Плусинфо“ .

„Изборот на д-р Нинослав Марина во вонреден и редовен професор на МИТ Универзитетот и Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип е спротивен на член 134 од Законот за високо образование во делот на рокови, за кои се врши избор на доцент, вонреден и редовен професор за време од 5 години. Изборите се извршени без нострифицирана диплома“ , констатираат инспекторите, објави Плус Инфо.

Со самото тоа што Марина спротивно на закон е избран за вонреден па за редовен професор на МИТ и на „Гоце Делчев“, не е јасно како воопшто станал ректор на охридскиот универзитет за информатика, ако се знае дека исклучиво законски избран редовен професор може да биде ректор.

Седницата на Сенатот, на која се бирал Нинослав Марина за ректор била електронска. Дел од тие што гласале, гласале по Скајп, со што е нарушена тајноста на гласањето, покрај тоа што е згазена непосредноста на гласањето.

Интересно е што инспекторите издале и Решение да се отстранат сите пронајдени незаконитости и тоа во рок од 8 дена од приемот на решението. Овој рок е длабоко загазен, а портпаролката на Универзитетот Александра Дудиќ уште во официјалната кореспонденција до медиумите, го претставува Марина како ректор.

На прашањето кога и на каков начин Универзитетот ќе ги спроведе наредбите од ДПИ за незаконскиот избор на Нинослав Марина за ректор на Универзитетот, од Универзитетот не одговараат.

Најдебелиот крај, се разбира, го влечат студентите кои не се само од Македонија, туку и од странство.

Пред неколку месеци Сенатот на универзитетот го разреши Марина од неговата ректорска функција, но ваквата одлука инспекторатот со експресен вечерен инспекциски надзор ја поништи, зашто и сенатот бил свикан незаконски, иако одлуките ако се гледа најновото решение од Просветниот инспекторат биле издржани.

Откази добија Илан Садех и Дамијан Џенкинсон.

Токму Садех беше еден од челниците на движењето што подолго време се обидуваше да го смени Марина.

„Јас на седницата на Сенатот гласав ректорот да замине, од чисто професионални и академски причини, а не поради политика. Некој да гласа на Сенат, е исто како да гласа во парламентот, не може да го казнувате поради тоа – објасни Садех за „Плусинфо“, пред да добие наредба од МВР итно да ја напушти државата, зашто универзитетската управа на „Св. Апостол Павле“ го држела во Македонија непријавен, иако им предавал на студентите.

И покрај тоа што Садех поседува валидна дозвола за работа од Агенцијата за вработување во Македонија, сепак, административните процедури не биле докрај завршени, бидејќи не поседувал образец за регистрација на странци што вршат работа во Македонија. Обврската да се пополни таквиот образец е на самата високообразовна институција што го ангажира професорот.

– Не сум направил ниту криминал, ниту злостор. Ми се јавија и ме известија дека има одлука од МВР според која, мора да ја напуштам Македонија, веднаш. Се чувствувам непријатно и понижено – рече Садех за Плусинфо.

Тој пред 20 години измислил математички алгоритам што може да се аплицира за рано предвидување на карцином, а подоцна аплицирал и за патент на ова откритие.

„Бев изненаден од некои факти што ги дознав кога пристигнав на Универзитетот, но сепак, решив да ја играм „македонската игра“, додека бев способен да ја „сварам“. Да се праќаат колеги и студенти како информатори кои ќе го штитат врвот од „опасните професори“ меѓу кои бев и јас поради мојата професионалност, не е ниту професионално ниту академски. Откако бев класифициран како опасен, ме ставија да бидам „декан“ на факултет што не постои и така ми го блокираа патот до Сенатот. Си дадов оставка од „деканската“ позиција и побарав да станам член на Сенатот – објаснува Садех.

Тој тврди дека ги побарал сите документи за факултетот каде бил назначен за декан, но не му ги давале.

-Барем, не ми ги дадоа на англиски. Можеби има документи на македонски, ама јас не можам да преземам одговорност како декан на факултет ако немам поима што пишува во нив. Сакав да станам член на Сенатот, зашто според Статутот морав да бидам – вели Садех.

Тој беше депортиран од Македонија, а може да се врати за три месеци.

resenie-plusinfo-maj13 resenie-plusinfo-maj131 resenie-plusinfo-maj132 resenie-plusinfo-maj133

Текстот е преземен во договор со „Плусинфо“.

Би можело да ве интересира

Студентски бунт во Америка, 100 академици уапсени во Колумбија

Студентското собрание го презентираше Студентскиот манифест – неопходно е општествените чинители да се запознаат со итноста од преземање на мерки

Имате стипендии на сметките, не дозволувајте манипулации им порача на студентите министерот Шаќири

Студентите си ги бараат неисплатените стипендии, ќе протестираат пред Министерството за образование

Ректоратот бара, МОН ветува дека нема да се зголеми партиципацијата за студентите

Орце Костов

Ќе се зголемува школарината за студентите: Предлогот за поскапување испратен до студентските собранија

Орце Костов