Скандал го тресе Судскиот совет – незаконски ќе добијат „подебела“ плата за 35%

Од:

На повидок е уште еден скандал на Судскиот совет со кој раководи Зоран Караџовски. Институцијата која избира и разрешува судии кои ја делат правдата, донела незаконска одлука, грижејќи се само за својот интерес, со што и така малата доверба на граѓаните во судството уште повеќе ја урнисува.

Судскиот буџетски совет, си донесе одлука судиите и членовите на Судскиот совет да добијат 35% покачување на платите предвидено како додаток на плата. Со измените во Законот за плати на судиите од декември 2015 година, судиите имаат право на додаток на плата до 35 проценти поради висок ризик, доверливост и посебни услови за работа. Но, ова законско решение важи само за судиите но не и за членовите на Судскиот совет, а како што дознаваме Советот на Караџовски донел одлука и тие да добијат додаток од 35 проценти, или платата на секој судија и член на Судски совет ќе биде „подебела“ за околу 21 илјада денари.

Одлуката на Судскиот буџетски совет за додаток на платите и на членовите на Советот е незаконска, велат правници за А1он и со тоа се оштетува Буџетот на РМ. Законот од крајот на 2015 година се однесува само на судии, а не и на членовите на Судскиот совет. Платите на членовите на РСС се регулирани со посебен закон во кој ова право на додаток на плата не е предвидено, бидејќи членовите не работат под висок ризик, доверливост и посебни услови на работа. Покрај тоа, со изборот за член на Советот, на избраните, судската функција им мирува. Во Советот не членуваат само судии, тројца членови избира Собранието, а двајца претседателот на Република Македонија од редот на истакнати правници, што значи пет од 15 члена не мора да бидат судии.

Одлуката за зголемена плата од 35 проценти само за судиите и членовите на Судскиот совет, УПОЗ ја оцени како најсрамна одлука во историјата на судството во Македонија.

Синдикатот побара итна и неотповиклива оставка од претседателот на Судскиот буџетски совет, Зоран Караџовски, и комплетниот состав на Судскиот буџетски совет, заради, непоседување на морални вредности и предизвикување на состојба на хаос во судството.

Би можело да ве интересира

Дамева и Чачарова-Илиевска ги анализираат документите против нивната интерпелација

Горан Наумовски

Не се избрани за да бидат судски скандал мајстори, Сиљановска очекува оставки од членовите на Судски совет

Катерина Ѓуровски

Пратениците од власта поднесоа интерпелација за работата на членовите на Судскиот совет избрани од Собранието

Тројца судии од Судски совет ќе истражуваат дали судијката Алексовска-Стојановска направила пропуст во предметот против Васил Јованов

Горан Наумовски

Мицкоски: Цениме дека треба да удриме во чело – ако се изгласа недоверба на членови на Судскиот совет, ќе бидат доблесни и ќе се повлечат

А1он

ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе иницијатива за разрешување на членовите на Судски совет

Катерина Ѓуровски