„Пред 13 години, Македонија и Грција ја потпишаа Времената спогодба – документ што јужниот сосед грубо го крши со нелегалното вето за членството на Македонија во НАТО и во Европската Унија. Дали грчката влада предводена од Антонис Самарас има некаква намера да ја испочитува оваа спогодба, онака како што побара и судот во Хаг “, ова беше прашањето на „Нетпрес“ упатено до портпаролот на грчкото МНР, Грегорис Делавекурас.
Следуваше скандалозен одговор од гласноговорникот. Побара и македонските новинари да ја користат времената референца, наместо уставното име.
Вината, Делавекурас, за тоа што нема решение грчката страна ја префрли кај Македонија.
„Грција постојано повторува дека сака да има веродостоен соговорник со кого ќе постигне вистински напредок на преговарачката маса и ова е пораката што грчкиот министер за надворешни работи ќе му ја пренесе на посредникот Нимиц кога ќе се сретнат во Њујорк. Она што не е конструктивно е острата реторика, навредите и непочитувањето на својот сосед”, рече Делавекурас, пренесува „Нетпрес“.