СЈО засега не бара притвор за Мијалков по другите обвиненија

Од:

Специјалното јавно обвинителство освен за случајот „Таргет-Тврдина“, засега нема побарано притвор за Сашо Мијалков по другите предмети кои се водат против поранешниот директор на Управата за безбедност и контрарузнавање. Во однос на тоа дали ќе има притвор за Мијалков по другите предмети, извори упатени во истрагата за А1он/Макфакс велат дека се зависи од одлуката на судот по жалбите на адвокатите за притворот на Мијалков.

Покрај обвиненијата за случаите „Таргет-Тврдина“ и „Империја“, Сашо Мијалков е обвинет и во предметите „Титаник 2“ за изборни нерегуларности, „Тортура“ за начинот на кој бил уапсен лидерот на Обединети за Македонија, Љубе Бошкоски и случајот „Трезор“ кој се однесува на злоупотреба на средства од Буџетот на РМ во висина од 862 илјади евра.

Во јавноста се шпекулира дека за поранешниот директор на УБК подоцна ќе се бара притвор за најновиот предмет на СЈО, „Империја“ за кој досега е притворен бизнисменот Орце Камчев како и сопственикот на „Пелистерка“, Цветан Панделески заедно со уште тројца соработници кои се поврзуваат фирмите на Камчев.

Сашо Мијалков од вчера вечер е во истражниот затвор „Скопје“ во Шуто Оризари по одлука на Основниот суд Скопје 1 Скопје, а по барањето на Специјалното јавно обвинителство. Како што дознава Макфакс, во решението на кривичниот суд за притворот на ексдиректорот на тајната полиција, за случајот „Таргет-Тврдина“ стои дека мерката му е определена поради опасност од бегство. Специјалното јавно обвинителство во барањето за притвор навело дека за обвинетиот имаат оперативни информации дека презема дејствија и активности со кои планира да се даде во бегство. Во решението на советот, сепак, не е наведено на кои околности СЈО ја темели ваквата претпоставка.

Засега СЈО не побарало да му биде замрзнат имотот на ексдиректорот на тајната полиција, со оглед на тоа што во решението за притвор за предметот „Таргет-Тврдина“, пишува дека правни и физички лица кои се поврзани со Сашо Мијалков поседуваат над 8 милиони евра имот.

Адвокатот на Сашо Мијалков, Антонио Апостолски денеска изјави дека ќе биде упатена жалба по одлуката на судот за одредување мерка притвор на обвинетиот. Тој исто така уште вчера потенцираше дека е недозволиво да се одреди мерка притвор без претходно да биде сослушан обвинетиот.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

Мијалков излегува порано од затвор, Апелација го врати предметот „Империја“ на повторно судење

Орце Костов

Секој што бил прислушуван сам ќе треба да тужи: Кривичен суд ги праќа на граѓанска постапка откако предметот застаре

Александар Тодески

Ристовска: Повторно нема да има одговорност за незаконското прислушување во државата, што е директна последица на измените на КЗ

Мијалков нема да одговара за нелегалното прислушување, застаре делото за „Таргет-Тврдина“

Рочиштето за масовното прислушување одложенo поради законските измени, Мијалков се спасува од делото „злосторничко здружување“

Александар Тодески

Дел од измените на Кривичниот законик од утре стапуваат на сила: Што ќе значат за осудените ексфункционери

Александар Тодески