СЈО влезе во „Македонска пошта“

Од:

Тим на специјалното јавно обвинителство вчера влегло во ЈП „Македонска пошта“ каде според информации на „Макфакс“ била побарана документација поврзана со предистражна постапка. Нашите информации говорат дека тимови на СЈО во текот на вчерашниот ден биле во посета и на неколку други институции од каде што прибирале информации.

Од СЈО за „Макфакс“ ниту ја потврдуваат ниту ја демантираат информацијата. Не е познато дали документацијата која била побарана е поврзана со работата на ЈП „Македонска пошта“ или станува збор за прибирање документација потребна за расветлување на други случаи.

Според информациите на „Макфакс“, истражителите на СЈО од ЈП „Македонска пошта“ документите ги барале од правната и финансиската служба на инстутуцијата.

Васко Маглешов

Би можело да ве интересира

„Пошта“: Се работи на забрзување на царинските процедури и обработката на пратките

СДСМ: Нападите врз предметите на СЈО се дел од операцијата за враќање на Никола Груевски

Бубевски вели дека Кадриу кажува измислици и клевети, бара извинување или ќе тужи

100 нови комби возила за Пошта – Николоски најави подобрување на услугите

Горан Наумовски

ВЛЕН: Работниците во Пошта конечно го добиваат заслуженото

Штрајкот на Пошта во мирување, се чека Владата за помирувачот да закаже состанок со новиот министер

Анита Петровска Рајковиќ