СЈО се согласи да ги предаде предметите на Јавното обвинителство

Од:

Специјалното јавно обвинителство е подготвено веднаш да ги предаде сите предмети, списи и докази до Јавното обвинителство, се вели во денешниот допис на СЈО.

„Ја известуваме јавноста дека од страна на Јавното обвинителство на Република Северна Македонија доставен е допис во кој е наведено дека согласно член 6, став 5 од Законот за
Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите , неопходно е ова Обвинителството  да преземе дејствија за предавање на предметите во Јавното обвинителство на Република Северна Македонија. Постапувајќи по дописот, до Јавното обвинителство на Република Северна Македонија  доставено е известување дека Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите е подготвено веднаш да ги предаде предметите по кои постапува со сите списи и докази“, се вели во соопштението на СЈО.

Оттаму велат дека за останатите детали околу примопредавањето ќе известат дополнително.

Во соопштението не е наведено дали до ЈО ќе бидат предадени и аудио-снимките, односно прислушуваните материјали, бидејќи тие се во надлежност единствено на СЈО.

Минатата недела шефицата на СЈО Катица Јанева која е во притвор за случајот „Рекет“ побара Јавното обвинителство со кое раководи Љубомир Јовески да ги преземе сите предмети, истраги и предистражни постапки.

Во меѓувреме, власта и опозицијата не постигнаа договор за Законот за јавно обвинителство со кое требаше да се регулира статусот на Специјалното јавно обвинителство.

Би можело да ве интересира

Обвинение за сурово насилство и наведување на самоубиство за сопругот на Ивана

Над 60 илјади евра извлечени преку измами со лажни сообраќајки – парите одат во Бугарија

Катерина Ѓуровски

Политичарите да се воздржат од коментари, бараат обвинителите по реакциите за Артан Груби

Кузеска: Обвинителството се заплетка со притворот за Груби

СДСМ: Нападите врз предметите на СЈО се дел од операцијата за враќање на Никола Груевски

Бубевски вели дека Кадриу кажува измислици и клевети, бара извинување или ќе тужи