Сите се силат, никој не сака предвремени парламентарни избори

Од:

Сите политички партии во јавноста покажуваат сигурност и самодоверба дека токму тие се фаворитите на граѓаните и не се плашат од предвремено парламентарно соочување со граѓаните.

Но реално, никој не сака со претседателските да има и предвремени избори за пратеници.

Во СДСМ премеруваат што би добиле со фрлената ракавица од ВМРО-ДПМНЕ, доколку во април имаме двојни избори. Примамливо е евентуално да се добијат нови четири години власт, но свесни се дека сите постапки околу менувањето на Уставот, името, амнестијата, законот за јазиците, кадровските решенија и низата скандали поврзани со високи партиски функционери, им го разјадоа рејтингот и има разочарување кај неопределените, но и кај верните партиските членови.

Од друга страна, СДСМ знаат што доживеаја во 2005 година, кога по добивањето на кандидатскиот статус, тогашниот премиер Владо Бучковски, не донесе одлука за предвремени избори, и наредната година доживеа дебакл.

Сепак официјалниот став, барем засега од СДСМ е дека од политички аспект посакувано е да има избори, но тоа би значело и губење на три до шест месеци за нивна подготовка и спроведување, формирање нова влада, давање мандати.

Со ова ќе се доведат во застој реформите што ќе биде аргументација на земјите членки да го одложат отпочнувањето на преговорите.

Изборите не се посакувана опција ниту за коалицискиот брат ДУИ. Иако тврдат дека имаат добар рејтинг, во име на интересите на државата не сакале сега избори. А пред гласачите сакаат да излезат со конкретни резултати, токму затоа спикерот Џафери, само со неговиот потпис го испрати Законот за јазици во „Службен весник“.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, сакајќи финиширањето на уставните измени, за што тврдеше дека нема да дозволи никогаш да се случи, да го амортизира, веднаш побара распуштање на Собранието и распишување на предвремени парламентарни избори задно со претседателските. И во опозициската партија е далеку од состојбата од пред две година, кога партијата беше единствена и цврста. Сега се добива впечаток дека потезите се влечат стихијно без однапред точно утврдена стратегија. Иако уверуваат дека ќе ги декласираат СДСМ и на претседателски и на парламентарни избори, и самите се свесни дека рејтингот кој го имаат, и покрај разочараноста на граѓаните од владеењето на СДСМ, не им дозволува удобна позиција.

И тие како и СДСМ, демонстрираат сила и моќ, гласни се во барањата дека знаат и можат да ја сменат власта, сепак, знаат дека треба да работат многу на консолидирање на партијата, оттргнување од етикетата на владеењето на Груевски, за да можат после тоа да се надеваат на враќање на власт. Во спротивно, немаше да ветуваат подобро решение на спорот со името, кое целиот период е единствената карта на која играа сите партии пред избори.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче бара граѓаните да седат дома, а со Герасимовски се забавува на партиски концерти, врв на лицемерието на СДС

СДСМ: Скопјани се гушат, ќе побара ли Мицкоски одговорност од Претседателот на Управниот одбор на „Дрисла“ и негов советник?

ВМРО-ДПМНЕ: Шукова повторно продава исти лаги за Вардариште, во 2020 лажеше со Заев сега како кандидат лаже со Филипче

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Државата оди напред, граѓаните живеат подобро

Горан Наумовски

СДСМ ги објави кандидатите за градоначалници за Шуто Оризари, Илинден, Кочани и Долнени

Скопјани се трујат од отровен чад и канцерогени честички поради горење на депониите Дрисла и Вардариште, велат од СДСМ