Сите сами на изборите во Струга

Од:

Политичките партии на власт ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, се уште тактизираат околу нивните кандидати за Струга на престојните локални избори кои ќе се одржат во март годинава. ВМРО-ДПМНЕ најдоцна до 15 јануари треба да го објави името на својот кандидат, додека ДУИ се очекува тоа да го направи до 10 јануари. Во ДУИ според информации на А1, ќе се одлучува помеѓу поранешниот министер за образование Азис Положани и актуелниот пратеник Арбен Љабуништи, додека на сегашниот градоначалник Рамиз Мерко според наши извори му било ветено заменичко министерско место, иако не треба да претставува изненадување ако Мерко во последен момент биде по трет пат кандидат на ДУИ за Струга.

Претседателстовото на ДУИ во Мала Речица вечерва одржува состанок на кој една од темите треба да бидат кандидатите за престојните локални избори. Инаку ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ во Струга после случувањата во македонското собрание ги прекинаа разговорите кои интензивно ги водеа неколку месеци околу меѓусебната подршка и заедничкиот настап со единствен кандидат на локалните избори.

Од ВМРО-ДПМНЕ во Струга за А1 рекоа дека тие и понатаму се за еден кандидат Македонец, и дека се отворени за разговори. Според добрите познавачи на приликите партиите тактиизаат со имињата за Струга, затоа што станува збор за специфична општина, каде сите опции се можни и каде секој секого може да победи. Разговорите помеѓу СДСМ И ВМРО-ДПМНЕ во Струга се одвивале во одлично темпо бидејки според информации на А1 и двете локални раководства добиле дозвола да разговараат, иако од ДПМНЕ инсистирале кандидатот да биде нивни член, иако на почетокот се размислувало тој да биде непартиска личност која би била општо прифатлива за сите стружани.

„ВМРО-ДПМНЕ е со став дека Македонец треба да е кандидат.Потешко е да се донесе одлука за Струга отколку за некој друг град бидејки постојат повеќе варијатни кои се во игра. Се прават многу анализи и анкети за Струга бидејки таа Македонија во мало и затоа не може така лесно да се донесе одлука за Струга. Ние очекуваме подршка од сите Македонци без разлика на која партија припаѓаат„ рече Момчило Аврамовски од ВМРО ДПМНЕ- Струга
За сега само ДПА и РДК на Руфи Османи ги официјализираа своите кандидати. ДПА ќе оди со актуелниот пратеник Зијадин Села, додека РДК со бизнисменот Гајур Каба кој според познавачите на прилите кај албанскиот електорат може да им ги замрси сметките на ДПА и ДУИ. Македонските партии доколку настапат со единствен кандидат токму тука треба да ја бараат својата шанса за победа, иако многу значајни па дури и пресудни се гласовите на ПЕИ на Фијат Цановски кој има значајно гласачко тело во струшко.

Би можело да ве интересира

Левица пред КСС ја претстави трудова програма

А1он

Димитриевски од Пелинце: Ароганцијата на оние кои дозволија отворање на бугарски клубови во Македонија е ненадминлива

А1он

Меџити не кажа дали е можен министер за внатрешни работи: Ќе разговараме во наредните денови

А1он

Сиљановска од Струмица: Оттука ќе тргне политичкиот вулкан и ќе стави крај на феудалните енклави на замислените европјани

А1он

Апасиев: Македонска платформа, за да запрат уцените од балистите

А1он

Меџити: Сакаме да бидеме фактор во влада која ќе биде европски ориентирана

Александар Тодески