А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Сите членови на Судскиот совет да поднесат оставки – бара Платформата на граѓански организации за борба против корупцијата

by А1он10/05/2023 - 14:07260
Share0

Платформата на граѓански организации за борба против корупцијата денеска соопшти дека Судскиот совет ја изгуби легитимноста да биде тело кое ќе ја штити судската независност и бара од актуелните членови на Судскиот Совет да поднесат оставки и да овозможат формирање на друг состав на Советот.

Добивај вести на вибер

-Веќе втора недела јавноста сведочи како Судскиот совет континуирано отстапува од Законот за Судскиот совет и од стандардите за транспарентно и отчетно работење на оваа институција. На 26 април 2023 година, Судскиот совет спротивно на Деловникот за работа вметна точка во веќе изгласаниот дневен ред, по што одлучуваше за разрешување на претседателот на Судскиот совет без да ги почитува правилата предвидени во Законот кои се однесуваат на потребното мнозинство за избор, како и на одредбите кои ја уредуваат дисциплинската постапка во рамки на која единствено може да се утврди несоодветно постапување на член на Советот, вклучително и претседателот, се вели во соопштението на Платформата.

Оттаму потсетуваат дека на 4 мај 2023 година Судскиот совет соопштил оти е закажана седница само 15 минути пред нејзиниот почеток, а истиот ден извести дека во меѓувреме се оствариле две седници со исклучена јавност. Ова, според Платформата, е направено надвор од законските основи за исклучување на јавноста, како и без следење на процедурите за исклучување и без образложение за причините за истото.

-На јавната седница не беа усвоени записници од претходните седници, ниту беше реферирано што се случувало на седниците на кои јавноста беше незаконски оневозможена да присуствува, туку Советот продолжи со избор на нов претседател како јавноста веќе да е запознаена со сѐ што се случувало претходно на нејавните седници, потенцираат во соопштение.

Како што појаснуваат, на овие нејавни седници, според соопштенијата објавени на веб страната дури откако беше завршена јавната седница од 4 мај, била повлечена одлуката за разрешување на претседателот, иако Законот не предвидува можност за повлекување на донесени одлуки на Советот, но исто така е направено повторно разрешување, повторно надвор од каква било законски предвидена процедура.

-На 9 мај Судскиот совет одлучи да ги отстрани камерите од просторијата каде се одржува седницата, што е прв пат во работата на Советот да се отстранат камерите на новинарските екипи, а исто така е сторено во многу специфичен момент, односно откако се случија сите претходни отстапувања од Законот и Деловникот за работа. Ова за жал е дополнително намалување на транспарентноста на Советот, а воедно говори во насока на тоа дека членовите на Советот ја гледаат транспарентноста и јавноста на нивното работење како главна причина за состојбите, а не нивното сопствено незаконско постапување, велат од Платформата.

sudski sovet

Би можело да ве интересира

Исаку и Османи предложени за членови на Судскиот совет од страна на Собранието

Горан Наумовски05/03/2026 - 11:45

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ наложувале, а од Судски совет експресно, за само еден ден, разрешувале судии неподобни за тогашната власт

Предраг Петровиќ22/02/2026 - 09:4922/02/2026 - 09:54

Камбовски за случајот со казнетата новинарка Вејсели: Постапка е сè уште во тек, Судскиот совет ќе интервенира ако процени дека е потребно

Катерина Ѓуровски03/02/2026 - 14:24

Судски совет разгледува предмети во кои постапувал апелацискиот судија Ѓоко Ристов

Катерина Ѓуровски03/02/2026 - 13:43

Има пропусти во пресудата за Ремзи Мифтари во случајот „Дурмо турс“, тврди Судскиот совет

А1он28/01/2026 - 15:45

Одземен му е имунитетот на апелацискиот судија Ѓоко Ристов, Судски Совет ја одобри мерката куќен притвор

А1он20/01/2026 - 16:55
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен