Пајтим Тачи, синот на претседателот на ДПА, Мендух Тачи, ја одбрани докторската теза пред соодветната комисија на Факултетот за социјални и современи науки на Универзитетот на Југоисточна Европа за темата: „Политичките лидери во Западниот Балкан по 1990 година“.
По одбраната на докторската теза, рецензентската комисија високо ја пофали истражувачката работа на Пајтим Тачи и, меѓу другото, му честиташе за структурата, содржината и научната методологија. Истражувањето содржи анализа на лидерите во Западен Балкан по 1990 година.
Докторската теза фрла интересно светло и длабинска студија за предметот, велат од Демократската партија на Албанците, која соопшти за докторатот на Пајтим Тачи, на кој му е доделено звањето доктор на политички науки.