Синдикатот на УПОЗ бара од Дескоска и Здравев ангажирање за надминување на проблемите во судството

Од:

Синдикатот на УПОЗ денеска испрати писмо до министерката за правда во кое бара таа да се заложи и да помогне во надминување на проблемите во судството кои се причина за незадоволство и штрајкови.

Од УПОЗ потсетуваат дека бараат враќање на парите од штрајкот во 2016 година, итна измена на Законот за судска служба со која поинаку ќе се определи позицијата на судската служба и учество на нивни претставник во Судскиот буџетски совет и во Советот на судска служба.

– Сметаме дека само на тој начин и со Ваша поддршка, која досега ја имавме, можеме да сметаме дека незадоволствата, протестите и штрајковите во судовите треба да бидат минато, се вели во писмото.

Синдикатот се согласува со констатацијата на министерката дека има пропусти во работењето на судовите, застарени предмети и корупција, но прашува дали за ваквите состојби е виновна судската администрација.

– Дали постои законска, но и реална можност вработен во судската служба, да му влијае на судијата да закаже предмет во законски рок? Може ли судски службеник да спречи да се корумпира одреден судија? Сепак контролата е во рацете на Судскиот совет. Наместо да имаме соодветен третман како и судиите, кои се до толку незаинтересирани, што тешко сфаќаат дека и вработените во судската служба се дел од тимот, кој им е неопходен за успешно да ја завршат работата. Затоа имајте повеќе доверба во судската служба, и тие можат како и досега да ги детектираат проблемите во судството и да помогнат во пронаоѓањето на најдобрите механизми за нивно отстранување за да се постигне крајната цел, подобро судство, наведува УПОЗ во писмото.

Синдикатот на УПОЗ испрати писмо и до претседателот на Судскиот буџетски совет Киро Здравев во кое бара во најбрз можен рок да се разговара за сите отворени прашања и да бидат поканети на првата наредна седница на Советот.

Судската администрација организирана од страна на Синдикатот на УПОЗ и Здружението на судската администрација на 15 овој месец протестираше пред судовите незадоволна од одлуките за нерамномерна распределба на додатоците на плата и нееднаквиот третман. По ова, реагираше министерката за правда Рената Дескоска која ги повика вработените во судовите да протестираат и за застарените предмети и криминалот во сопствените редови.

– Жално е што не слушнавме став од сферата на судството за прашањата заради кои судството е со најниска доверба меѓу граѓаните. Очекувавме реакција и од судиите и од претседателите на судовите и од судската администрација за случаите за застарување на гонење во одредени судски постапки заради што криминалот останува неказнет. Очекуваме реакција и од судиите и од судската администрација за одредени сомневања за криминални дејства во нивните редови за кои не видовме кривично гонење и кривични постапки. На пример, видеоклипот што го виде целата јавност и се споделуваше на социјалните мрежи во кои се тргува со судски предмети од страна на вработен во судската администрација, изјави министерката Дескоска на прес-конференција во петокот.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Ги поставија своите судии и почнаа со репресијата

Горан Наумовски

СДСМ: Заедно со граѓаните и со опозициските политички партии отвораме фронт за правда

СДСМ: Преземање на судството, неуставна Резолуција и Катица во функција на власта се дел од исто сценарио

Советот на јавните обвинители ја назначи Наташа Крстевска Цалева за в.д. шеф на Вишото ЈО Скопје

Синдикатот на УПОЗ бара исплата на ноемвриската плата и заостанатите додатоци за вработените во судовите

ВМРО-ДПМНЕ: Процентуално од БДП Македонија одвојува повеќе за правосудството и од далеку помоќни земји во Европа, а ефикасност и правда скоро и да нема