Синдикатот на Клинички центар ги поддржува предложените измени во Законот за здравствената заштита

Од:

Синдикатот на Клинички центар (ССКЦ) соопшти дека ги поддржува предложените измени во Законот за здравствената заштита.

Во изминатиот период за Предлогот на законот за изменување и дополнување на Законот за здравствената заштита од октомври 2014 година и неговото стапување во сила како Закон за здравствената заштита, Синдикатот имаше многу забелешки, кои јавно ги истакнуваше, се наведува во соопштението на Синдикатот на Клиничкиот центар.

Оттаму велат дека ССКД беше единствениот релевантен чинител кој на јавната дебата за Предлогот на законот за изменување и дополнување на Законот за здравствената заштита, одржана во октомври месец 2014 година во амфитеатарот на Деканатот на Медицинскиот факултет – Скопје, покрај другите забелешки, остро се спротистави на утврдените услови за договорот за специјализација нарекувајќи го таквиот договор “лихварски“, и оценувајќи го како штетен договор, и бараше од предлагачот истиот да го повлече.

„За цело време Синдикатот на Клинички центар на барање на своите членови – доктори на специјализација, организираше званични состаноци со Здружението на специјализанти и Асоцијацијата на специјализанти каде беа договарани постапките за остварување на заедничката цел – коректни и прифатливи договори за специјализација, истоветни на сега предложениот сооднос 1:1, односно за специјализација од шест години, по завршување на истата, докторите задолжително да работат уште најмалку шест години во ЈЗУ која им ја финансирала специјализацијата.

Предлозите за измени во Законот за здравствената заштита на Здружението и Асоцијацијата на специјализанти, вклучувајќи ги и измените за Договорот за специјализација, Синдикатот на Клинички центар за цело време во изминатиот период ги доставуваше и го информираше за нив Ресорното Министерство и другите релевантни чинители.

Синдикатот на Клинички центар за цело време бараше при дополнителната дејност, согласно ценовникот за преглед или интервенција утврден од ЈЗУ, да се наплати услугата на медицинскиот тим, добивката на ЈЗУ и другите трошоци (потрошен материјал, амортизација на апаратурата и сл.), а притоа на пациентот, корисник на дополнителната дејност да му важи осигурувањето.

Оваа заложба беше предложена од страна на претставниците на Синдикатот на Клинички центар со барање да се внесе во сегашниот Нацрт-текст на Законот за здравствената заштита, истовремено прифатена и од претставниците на Лекарската комора и Македонското лекарско друштво.

Синдикатот на Клинички центар, истотака за цело време се залагаше да се укине и менаџерскиот испит за директорите сметајќи го истиот како нецелисходен, и кој не го оправда досегашното негово постоење.

Исто така, сметаме дека е позитивна законската можност, пензионираните доктори да работат како консултанти доколку тоа од нив го бара институцијата во која работеле.

На крајот, сакаме да истакнеме дека согласно Законот и Уставот, покрај Ресорното Министерство, синдикатот како еден од социјалните партнери во рамките на социјалниот дијалог има значајна улога во процесот на креирањето на правната регулатива со која се уредуваат односите од областа на трудот.

Претходно наведеното, укажува на наша целосна посветеност и континуирано позитивно активно учество во изготвувањето на законските решенија и другите акти кои ја уредуваат здравствената политика.“, се наведува во соопштението на Синдикатот на Клинички центар.

Би можело да ве интересира

Не е точна информацијата за наводен колапс на Клинички центар – Мнистерството за здравство реагира на обвинувањата од ВМРО-ДПМНЕ

Три дена затворени сите сали на хирургија во Клинички, нема операции за итни пациенти обвинува ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Потпишување анекс на Колективниот договор веднаш по формирањето на новата влада, бараат здравствените работници

Орце Костов

Синдикатот бара повеќе кадар во Клиничка болница Тетово, недостигаат 400 вработени

Орце Костов

Работниците контра министерката за култура: Зголемувањето на платите е два, а не 12 отсто

Орце Костов

Синдикатот на битолскиот универзитет го демантира Џафери: Документацијата ја доставивме навремено