Синдикат на Клинички центар до Филипче: За затворање на болници треба да одлучат граѓаните

Од:

Од изјавата на Министерот за здравство не е јасно дали стратегијата за болниците во помалите општини во државата е регионализација или јавно приватно партнерство. Доколку Министерството за здравство се залага за регионализација и затварање на болниците, Синдикатот на Клинички центар е на мислење дека за тоа прашање треба да се консултираат граѓаните, се вели во реакцијата на Синдикатот на изјавата на министерот за здравство Венко Филипче.

Според Синдикатот, поради несогласување на жителите од општината, во минатото не се оствари планот на Министерството за здравство за затварање на болницата во Крива Паланка.

,,Ако се планира болниците да се дадат во сопственост на приватни газди, како модел на јавно приватно партнерство за Синдикатот на клинички центар останува нејасно како тие ќе ги исполнат капацитетите на болниците и од каде ќе обезбедат здравствен персонал.

Дали се планира здравствениот персонал да се пополни на сметка на Универзитетските клиники во состав на Клинички центар и истите да станат недоволно конкурентни на таквите ,,јавно“ приватни болници.

Сакаме да истакнеме дека целта на јавното здравство не е остварување добивка, туку обезбедување на социјалниот мир. Богатството и убавината на нашето јавно здравство е правото на избор на доктор за сите осигуреници, додека истото е привилегија на мал број граѓани во приватното здравство. Истовремено, јавното здравство целосно гледано, се уште ја нуди најквалитетната стручна услуга во државата”, се додава во реакцијата.

Синдикатот на клинички центар смета дека јавно приватното партнерство, како долгорочен договор со преземени обврски и јасно дефинирани газди е штетен за државата, вработените во јавните здравствени установи, а сигурно најмногу за пациентите и граѓаните. Тие информираат дека поради почетокот на изборната кампања, согласно определбата, Синдикатот на Клинички центар ќе ја прекине комуникацијата со јавноста и медиумите се до завршување на изборниот процес.

Би можело да ве интересира

Беќаровски: Клинички со директор избран од Влада, а раководители на клиники да бидат вработени со 20 години искуство

Со августовската плата да има усогласување со минималната, инаку можни се протести на Клинички

Катерина Ѓуровски

Меџити: Информацијата за укинување на организациските директори доставена до Владата

Ана Ололовска

Манолева: Преговараме за обезбедување дополнителни средства за набавка на нови количини „трикафта“

Ана Ололовска

Манолева: Има подобрување на националниот опфат кај редовните вакцини за деца, но не е достигнат препорачаниот праг за колективен имунитет

Ана Ололовска

Меџити: Интензивно работиме на долготрајно, ефективно и квалитетно решение за проблемот со „Трикафта“

Ана Ололовска