Симулациска вежба за прва помош при скршеници

Од:

Отсекот за превенција од СВР Куманово и волонтери од општинската организација на Црвениот Крст, денеска во Куманово организираа симулациска вежба – укажување прва помош при скршеници.

Показната вежба беше согласно предвидената програма за работа на СВР и на Црвениот Крст.

– Колегите од полициска станица за безбедност на патниот сообраќај по случаен избор запира возач на патничко моторно возило, го контролира и замолува да укаже прва помош на повредено лице при сообраќајна несреќа кое активистите на Црвениот крст ја спроведуваат, односно се во улога на повредено лице. Секоја година поентата на оваа акција е да се потсетат возачите на моторните возила што е нивната обврска и која е улогата во случај на сторена сообраќајна несреќа, изјави Марјан Павличек, самостоен инспектор за сообраќај од отсек за превенција од СВР Куманово.

Возачите избрани по случаен избор активно се вклучија во вежбата, дел од нив покажаа солидни познавања за санација на повреди здобиени во сообраќајка, а дел признаа дека им е потребна дополнителна едукација.

Волонтерите од Црвениот крст ги потсетија учесниците во сообраќај како да санираат повреди. Полицијата укажа дека човечка одговорност е да се помогне на повредените, но и дека има казнени мерки за оние кои нема да пружат помош.

Вежбата има за цел да ја подигне свеста кај пошироката популација, пред се кај учесниците во сообраќајот, за важноста од навремено укажување прва помош.

Припадниците на СВР Куманово, денеска во населбата „Перо Чичо“ поделија едукативни флаери за заштита од пожари и заштита на шумите од пожари, а воедно на непрописно паркираните автомобили на тротоарите оставија флаери кои се дел од проектот „Да ги вратиме тротоарите на пешаците“.

Би можело да ве интересира

Двегодишно дете од Куманово е затруено со разредувач за боја, пренесено е на Клиниките во Скопје

Околу 100 дрвја уништени во невремето во Куманово, ќе следи обнова со нови садници

Невремето предизвика пожари, паднати дрвја и прекини на струја во Куманово и Старо Нагоричане

Обвинителството и СВР Куманово истражуваат случај со врсничко насилство по објавена видеоснимка

Загина мотоциклист во сообраќајка во Куманово

А1он

Десет лица се повредени во сообраќајка на регионалниот пат Куманово – Свети Николе