Симптоми на труење од храна од сендвичарницата имаат 15 ученици од штипско средно училиште

Од:

Петнаесет ученици од штипско средно училиште, кои минатата недела на големиот одмор јаделе сендвичи од блиската седнвичара-киоск имале симптоми на труење. Епидемиологот во Центарот за јавне здравје Штип, Светлана Живкова за МИА вели дека земени се примероци од инкриминиранта храна за лабораториско испитување и брисеви од работните површини, а резултатите ги очекуваат најдоцна до утре и ќе ги објави Институтот за јавно здравје.

-Направивме епидемиолошко анкетирање на сите пријавени лица. Извршена е едукација на вработените во однос на начинот на спремање на храна, складирање, чување на храната, на лице место тоа е спроведено. Дополнително се дадени предлог мерки и земени се брисеви од вработените. Направен е и вонреден санитарен предглед им е направен и плус се земени мостри од храна за испитување, вели Живкова.

Таа посочи дека објектот е затворен и од Државен здравствен и санитарен инспекторат (ДЗСИ) и од Агенцијата за храна и ветеринство. Живкова додава дека денеска ќе се изврши и дезинфекција по биолошки индикации и механичко чистење на објектот.

Во текот на вчерашниот ден Агенцијата за храна и ветеринство информираше дека по добиена пријава од Центарот за јавно здравје Штип дека пет лица се здобиле со симптоми на труење, извршиле инспекциски надзор во сендвичарата, земени се примероци од инкриминиранта храна за лабораториско испитување и брисеви од работните површини. По наредба на инспекциските служби на АХВ сендвичарата е времено затворена со до добивање на резултатите од лабораториските испитувања, со кои ќе се потврди нејзината безбедност.

Мајка на дете кое по труењето заврши на Инфективното одделение во Клиничка болница-Штип изјави дека нејзиното дете симптомите ги добило по консумирање на сендвич со пилешки стек и компири.

Би можело да ве интересира

Во Штип гласаат 152 болни и немоќни лица

Тројца тешко повредени во сообраќајна несреќа на експресниот пат Три Чешми-Штип

Горан Наумовски

Еден загина, неколкумина се повредени во сообраќајка на патот Штип-Кочани

Јорданов: Повеќе сум згрозен, отколку што сум изненаден од кампањата која ја пласираат моите политички противници

(ВИДЕО) Филипче: Павел Иванов е симбол на храброст и чесност, Штип заслужува лидер како него

Горан Наумовски

Се повеќе деца и вработени од штипско средно училиште се затруени со јадење од сендвичара