Симпозиум за патронажната дејност и формирање Друштво на патронажни сестри

Од:

Симпозиум за патронажната дејност во нашата држава и формирање на првото Друштво на патронажни сестри денеска ќе се одржи во Прилеп.

Организатор на симпозиумот е Унијата на Здружението на медицинските сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри (ЗМСТАС) „За нас“.

Според програмата, ќе се дебатира за патронажната дејност и за нејзиното унапредување, за профилот на современата патронажна сестра, за грижата на доенчето и за мајката од првиот ден по раѓањето.

Предвидени се предавања од патронажната сестра Мирјана Трајановска од Здравствен дом – Скопје, Станка Арсовска од Здравствен дом – Неготино, како и на Даниела Гиевска од фармацевтската компанија „ЗЕГИН“, која е поддржувач на симпозиумот.

Би можело да ве интересира

Бешлиовска: Имаме 9.200 медицински сестри, а треба да сме околу 15.000

Министерот Кенеди отпушта 10.000 луѓе во здравството

ВЛЕН: Здравството во нашата земја е разбудено од „клиничката смрт“

Интервју со проф. д-р Светозар Антовиќ: Првиот симпозиум на MAAS ќе биде историски настан за нашата хируршка заедница

Бешлиовска: Бараме итно вработување на медицинскиот кадар кој со години работи без здравствено и пензиско осигурување

Таравари признава дека има мито во здравството, повика граѓаните да пријавуваат

Катерина Ѓуровски