Силувана 90-годишна штипјанка

Од:

На 20.12.2012 година, во СВР-Штип  е пријавено дека на 19.12.2012 година околу 19,00 часот во куќа во Штип, над 90-годишна штипјанка била извршена обљуба од непознато лице.

Делото било извршено на начин што, во критичното време кога   оштетената  била сама,  слушнала тропање на надворешната врата и кога сакала да заклучи, насилно влегло непознато лице кое со употреба на физичка сила и нанел повреди во пределот на главата а потоа извршил обљуба  над истата.

На заминување од нејзината чанта одзел 300 денари и се оддалечил во непознат правец.

По превземени мерки од страна на СВР-Штип сторителот е пронајден и се работи за Ч.Р. (15) од Штип,  кој и  порано кривично е пријавуван за  вакви дела. Истиот е  штитеник на воспитно поправниот дом „Ранка Милановиќ„ кој во моментот  користел слободни денови.

Во врска со тоа од страна на СВР Штип против Ч.Р. ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Би можело да ве интересира

Полицијата растури бесна забава во стан во Скопје, пронајдена дрога, приведени 13 лица

Катерина Ѓуровски

Приведен разбојник кој нападнал и ограбил 83-годишна жена

Oграбен починат пациент во ковид-центарот во комплексот клиники „Мајка Тереза“

Катерина Ѓуровски

Разбиена нарко група во Скопје, запленета марихуана

Приведен дилер од Кичево, запленети хероин и марихуана

Во Велес на улица пронајдена мртва 71-годишна жена

Катерина Ѓуровски