Oграбен починат пациент во ковид-центарот во комплексот клиники „Мајка Тереза“

Од:

Непознат сторител одзел паричник од хоспитализиран 72-годишен пациент, кој починал во ковид-центарот во Комплекс клиники „Мајка Тереза“. Случајот во полиција го пријавил вчера неговиот син, информираат од МВР.

Во ковид-центарот во рамки на Комплекс клиники „Мајка Тереза“, вчера во полиција бил пријавен и друг случај, каде пациент со остар предмет се заканувал на вработена.

Од МВР информираат дека се преземаат мерки за расчистување на двата случаи.

Првиот случај бил пријавен вчера во 9:30 часот во Полициска станица Центар.

– Г. К. (48) од Скопје пријавил дека во периодот од 21 до 29.11.2020, во ковид-центарот во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, каде бил хоспитализиран неговиот татко Д. К. (72), кој починал во центарот, од страна на непознат сторител одземен му е паричник во кој имало пари, лични документи и предмети, се вели во соопштението до МВР.

Вториот случај бил пријавен вчера околу 23:50 часот, исто така, во Полициска станица Центар.

– На 30.11.2020 околу 23.50 часот во Полициска станица Центар е пријавено дека во во ковид-центарот во рамки на Комплекс клиники „Мајка Тереза“, околу 22.30 часот пациент со употреба на остар предмет упатил закани кон вработената А.М.(31) од Скопје, информираат од МВР.

Од МВР преземаат мерки за расчистување на случајот.

Би можело да ве интересира

Кражбата во средното училиште во Охрид ја извршила ученичка

Лажеле дека им била ограбена куќата, па заработија кривична пријава

Девет лица отишле да ја ограбат „Пелагонија“, натовариле три возила – фатени се на дело

Велешанка го ограбила мажот со кој претходно била во врска

Крадела новчаник од пациентка во болницата во Тетово, 42-годишна жена фатена на дело

Анита Петровска Рајковиќ

Полицијата расчисти пет тешки кражби во Битола

А1он