Разбиена нарко група во Скопје, запленета марихуана

Од:

Полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција- Сектор за недозволена трговија со дрога во координација со Надворешната канцеларија за криминалистички работи при ОВР Дебар и СВР Скопје-Единица за недозволена трговија со дрога денеска во Скопје разбија група нарко дилери и запленија марихуана.

Како што информира МВР, околу 11.45 часот на бул. „Борис Трајковски“ во Скопје запрено е возило „џип“ со скопски регистерски таблички, управувано од В.М. (34) од Скопје, а како сопатник бил М.Г. (29) од Скопје и при извршениот преглед се пронајдени 3,5 килограми марихуана.

-Од преземените дополнителни мерки и активности утврдено е дека организатор на нелегалната продажба е А.М. (27) од Дебар, кој заедно со Ф. П. (29) од Скопје договарале купопродажба на дрогата на паркинг на бул. „Кочо Рацин“. Во 12 часот во близина на транспортниот центар во Скопје приведен е А.М. и при извршен преглед кај него пронајдени се 70.500 денари и 1800 евра кои ги добил за продажбата на дрогата. Во 12.10 часот на паркинг на бул. „Кочо Рацин“ приведен е Ф.П. Во истрагата се обезбедени докази за инволвираност во кривичното дело и за уште две лица: Р.А. (35) и П.Ѓ. (32), соопшти МВР.

По документирање на случајот ќе биде поднесена кривична пријава до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.

Би можело да ве интересира

Запленети околу 100 килограми марихуана во Струмица, лишени од слобода три лица

(ВИДЕО) Запленети над два тона сув цвет од канабис од објект на фирма во Зелениково

Непријавена марихуана најдена во фирма во Свети Николе, поднесена е кривична

А1он

Уапсен жител на Белчишта кај кого се пронајдени 145 стебла канабис сатива

Кај 21-годишен скопјанец пронајдени се четири килограми марихуана

А1он

(ВИДЕО) МВР: Откриена е дрога сокриена во камион на преминот „Богородица“

Горан Наумовски