Силниот дожд урна потпорен ѕид во скопска Пинтија

Од:

Екипи од ЈП Улици и патишта интервенират во расчистување на разрушениот потпорен ѕид на бул. „Борис Трајковски“ во населба Пинтија.

Се работи за разрушен потпорен ѕид во должина од над 30-тина метри, а причина за негово оштетување се неповолните временски услови односно наносот на поројниот дожд кој овие два дена го зафати Скопје.

Се работи на отстранување на градежниот шут кој е настанат како последица на разрушувањето на потпорниот ѕид, за истиот да не преставува опасност при движењето на возилата.

Дежурните екипи се на терен и вршат и контрола на светлосната сигнализација, се врши увид во потенцијални дефекти и нивна санација.

Би можело да ве интересира

ВЛЕН: Пропадна обидот автопатот Скопје – Блаце да служи за приватни интереси

Денеска облачно со повремени врнежи од дожд и посвежо

Денеска сончево и топло, попладне локален пороен дожд

Попладне нестабилно со пороен дожд

Горан Наумовски

По декади запуштеност се чисти Железничката станица во Скопје

А1он

Земјотрес со епицентар во скопското подрачје

Предраг Петровиќ