Денеска претежно облачно со повремени врнежи од дожд, локално пообилни со над 25 литри на метар квадратен

Од:

Времето денеска ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, локално пообилни (над 25 l/m²). Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 11, а максималната ќе достигне од 11 до 15 степени.

Во Скопје, времето ќе биде претежно облачно со повремен дожд, особено попладне и во текот на ноќта. Ќе дува слаб ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне до 14 степени.

Времето во наредните денови ќе биде под влијание на циклонска активност. Од денеска до вторник времето ќе биде претежно облачно и постудено со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет.

На повеќе места се очекува да наврне поголема количина на дожд (над 25 l/m² за 24 часа), а во текот на прогнозираниот период локално и над 60 l/m². Од среда и во деновите потоа ќе се задржи стабилно време.

Би можело да ве интересира

Претпладне дожд, попладне разведрување

Денеска променливо облачно со повремен дожд

Денеска променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд

Денеска променливо облачно со локален дожд

Денеска променливо облачно со повремен дожд

Ноќеска дожд, утре променливо облачно и постудено, наместа ветер над 60 км/h