Силна поддршка за членството на Македонија од форумот во Седона

Од:

Силна поддршка за македонските евро-атлански интерации од Форумот Седона, неколкудневната конференција на политички и бизнис лидери од САД и од светот, која Институтот на американскиот сенатор Џон Мекејн ја организираше во Аризона. Македонскиот претседател Ѓорге Иванов, кој учествуваше на форумот, вели дека имал можност да ги претстави македонските интереси и да добие поддршка за македонското барање за деблокирање на интеграциите.

– Се отвори прашањето за нашето членство во НАТО, за сето она што ние сме го направиле и нашиот придонес кон НАТО, и зошто се уште чекаме да станеме членка. Се разви таа дебата, и имавме од соговорниците нивни ставови и констатации, дури и лични сведоштва од луѓе кои учествувале на самитот во Букурешт кога не станавме членка на НАТО.

– Така да овие форуми се извонредна можност преку размена на мислења и искуство со врвни луѓе од светската политика, од Сенатот на Америка, претседатели на други држави, да се согледа состојбата од поинаков аспект. Не она што е присутно дневно во медиумите, што го знаеме како состојба, туку да се влезе подлабоко во суштината на одредени проблеми кои ја менуваат светската политика. Го искористив моментот да ги кажам нашите ставови и позициите на Македонија по сите тие прашања, изјави Иванов.

Канадскиот министер за одбрана Питер Мекеј, по заедничкиот панел со Иванов, рече дека неговата земја е активен поддржувач на македонските интеграции. За време на панелот, Мекеј предупреди дека НАТО мора да внимава на типот на пораката која ја праќа до државите кои бараат членство и придонесуваат кон мировните мисии, само за да бидат одбиени од Алијансата.

– Како прво, сакам да кажам дека имавме многу успешна посета на претседателот на Македонија во Канада, и ни беше навистина драго за таа посета. Постои силен и траен однос меѓу нашите држави. И навистина сме благодарни за придонесот кој Македонија го дава за мисиите на НАТО, за мисијата во Авганистан каде сте спектакуларни. Лично сум ги видел македонските војници во Авганистан, тие се професионалци, дисциплинирани, и работата си ја вршат со големо ниво на самодоверба. И тоа го забележуваат и други држави, низ НАТО сојузот и имаат доверба во македонските војници.

– Се надеваме дека ќе видиме како продолжува патот напред за аспирациите на Македонија. За ова да биде потребно натамошно разгледување, а Канада е поддржувач на македонските аспирации. Канада е гласен поддржувач на проширувањето на НАТО, и, според моите проценки, Македонија е на многу високо, истакнато место во иднината на НАТО, поради вашиот силен придонес и посветеноста на мирот и сигурноста, изјави министерот Мекеј.

На панелот посветен на состојбата на Европската Унија, на кој Иванов говореше заедно со грузискиот претседател Михаил Сакашвили и поранешниот премиер на Русија Михаил Касјанов, македонскиот претседател го претстави проблемот предизвикан од грчкото вето, и непочитувањето на Времената спогодба и пресудата на Меѓународниот суд на правдата. Иванов го претстави и македонското искуство со организирање политички модел со почитување на различностите и мултиетничкиот карактер на државата.

– НАТО е особено важна институција за сите мултиетничките општества, за да ги промовира вредносите зад кои стои како што се владеењето на правото, демократијата и слободата. Ние бараме почитување на пресудата на Меѓународниот суд на правдата и се надеваме дека во иднина ќе има решение за Македонија, изјави Иванов, кој на форумот во Седона учествуваше на покана на сенаторот Џон Мекејн, чиј неодамна формиран Институт собира експерти и решавачки политичари во областа на надворешната политика.

– На првиот ден на форумот, Иванов се сретна со потпретседателот на САД Џо Бајден. На форумот учествуваа голем број актуелни и поранешни американски сенатори, особено од влијателниот комитет за надворешна политика, потоа бизнис лидери и странски политички фигури. Најголемиот дел од форумот беше  затворен за јавноста, со цел да се обезбеди доверливост на дискусиите.

Би можело да ве интересира

Уставен суд заглавен, изборот на претседател е во ќор сокак

(ВИДЕО) Лога: Кога може Обама, може и Сиљановска Давкова по вторпат да даде заклетва

A1on

Ќе користи ли Пендаровски доживотна пензија? Што му следува по престанокот на функцијата на 12 мај

A1on

Инаугурацијата на Сиљановска Давкова в недела на пладне

A1on

Силјановска-Давкова: Има ли поголема промена од тоа што жена првпат ќе биде претседател

A1on

Првични резултати на ДИК: Гордана Силјановска Давкова – 61,98% , Стево Пендаровски – 30,48%

A1on