Силјановска: Време е Република Македонија да ја добие својата прва жена претседателка

Од:

Кандидатот за претседател на Република Македонија, Гордана Силјановска Давкова денеска присуствуваше на Конференција на УЖ на ВМРО-ДПМНЕ, каде што се обрати до сите и им се заблагодари на поканата велејќи дека никогаш не присуствувала на толку голем собир, не е навикната да говори на толку многу граѓани но ќе се обиде.

– Македонија е во женски род, не случајно. Сите ние сме растеле, сме се радувале и сме тажеле со песни, со ора, со фолклор. Во нив умирале, се мажеле за Македонија, се женеле за Македонија. Мечтаеле за Македонија. Сонувале за Македонија. И политиката е именка од женски род. Понекогаш да ги заведам студентите се обидувам драмски да настапувам велејќи им дека политиката некогаш била уметност на можното, а за бракот пак викам, да бидам искрена бидејќи тоа е заедница за што вреди да се живее, дека е уметност на неможното, нагласи Силјановска Давкова.

Посочувајќи дека и обично на свадбите кога им подарува нешто, тоа е најчесто книги, го пишува ова и вели дека вреди да се проба и во првата уметност и втората уметност. Особено во вторава.

– Јас бев во политиката едно кусо време и мислев дека тоа не е мојот свет. Меѓутоа политиката почна да го креира нашиот живот и кога зборуваме за добри политики тогаш и имаме добар живот. Но се случија нешта кои наместо уметност на можното покажаа дека политиката може да биде на некаков начин земена, украдена, окупирана од многу мал број на луѓе кои мислат дека знаат се, дека политиката е нивна. Дека политичкото е нивно обележје. А, кога нема критика, не може да има добра политика. Значи не смее политиката да биде во рацете на неколкумина, не смее политиката да биде само една страна, а да нема критичка димензија, појасни Силјановска Давкова.

Цитирајќи еден британски лорд – „Политиката може да расипе, политиката може да корумпира, апсолутната политика апсолутно расипува и корумпира“. При што се осврна дека Преспанскиот договор е штетен за Македонија, македонскиот идентитет не треба да се загрозува, бидејќи ние сме македонски народ и тоа е факт, кој не може никој да го спори.

Во своето обраќање Силјановска Давкова запраша во салата колкумина познаваме кои го смениле името, односно под притисок.

„А, тоа се нашите прадедовци, прабаби морале во своите презимиња да интервенираат ама тоа не успеало, не може да се оди против природата. Бидејќи името мора и е вкоренето во нас и во историјата, во иднината. Во поновата историја успеа еден да направи нешто што никогаш досега не направил, да го редизајнира идентитетот на сите идни генерации, но и на минатите, историскиот и политичкиот и културниот наратив“.

На самиот крај од својот говор Гордана Силјановска Давкова посочи дека е време Република Македонија да ја добие својата прва жена претседателка.

Би можело да ве интересира

Кузеска: За хаосот во Скопје најголема вина имаат Мицкоски и ДПМНЕ

Петрушевски: Бизнис интересот на СДС и ДУИ направи граѓаните да плаќаат поскапа струја

ВИДЕО: За малку тепачка во Собрание меѓу Апасев и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Тренчевска: Кошничката е прескапа, ДПМНЕ да прифати 0% ДДВ на храна и минимална плата 450

СДСМ бара Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ да се вразумат и понуди предлози за решавање на кризата во Скопје

СДСМ: Малодушноста на ВМРО-ДПМНЕ блеска посилно од кога било