Сиљановска води во сите скопски општини: Предност пред Пендаровски има и во Чаир, Сарај, Шуто Оризари

Од:

Претседателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, Гордана Сиљановска-Давкова го победи кандидатот на СДСМ и коалицијата, Стево Пендаровски во сите скопски општини и дел од општините во близина на Скопје.

Па така, во Аеродром, според официјалните податоци од Државната изборна комисија, Сиљановска освоила 21.145 гласови или 51,09 отсто, додека пак Пендаровски освоил 8.950 гласови или 21,63 отсто.

Во Бутел, Сиљановска води со 7.370 гласови или 40,65 отсто, за разлика од Пендаровски, кој има добиено 2.197 гласови, или 12,12 отсто. Во Гази Баба, 18.125 гласови или 54,34 отсто добила Сиљановска, а за Пендаровски гласале 4.782 граѓани или 14,34 отсто. Во Ѓорче Петров за Сиљановска гласале 11.694 граѓани или 51,63 отсто, а Пендаровски добил 4.650 гласови или 20,53 отсто.

Во Карпош, за Сиљановска добил 14.482 гласови или 41,49 отсто, додека пак Пендаровски добил 9.130 гласови или 26,15 отсто. Речиси трипати повеќе од гласовите во Кисела Вода заминале кај Сиљановска, односно 18.183 гласови или 56,22 отсто. Пендаровски во оваа општина освоил 6.205 гласови или 19,19 отсто.

Најмала е разликата во Центар, каде за Сиљановска гласале 10.490 граѓани или 40,02 отсто, а за Пендаровски се одлучиле 8.537 граѓани или 32,57 отсто. Предноста од двајцата кандидати кои продолжуваат во вториот круг оди кај Сиљановска и во Чаир. За неа гласале 2.791 граѓани или 10,28 отсто, додека пак за Пендаровски гласале 1.809 граѓани, односно 6,67 отсто. Во оваа општина, најголемиот број од жителите гласале за Бујар Османи од Европскиот фронт на ДУИ, за кого се одлучиле 10.999 граѓани или 40,53 отсто, а втор е Арбен Таравари од коалицијата Влен со 9.618 гласови или 35,44 отсто. Сиљановска го води Пендаровски и во Шуто Оризари. За неа гласале 1.853 жители на општината или 25,45 отсто, додека пак за кандидатот на СДСМ се одлучиле 1.132 или 15,55 отсто. И тука најмногу гласови добил Османи, односно 2.699 или 37,07 отсто.

Сиљановска има повеќе гласови и во Сарај. За неа гласале 643 жители на општината или 4,07 отсто, а 2,83 отсто или 447 гласачи се одлучиле за Пендаровски. И во оваа општина најголемиот број гласови завршиле кај Османи, односно 8.324 или 52,72 отсто, а втор е Таравари со 6.020 гласови или 38,13 отсто.

Една од двете општини која е во близина на Скопје, а во која води Пендаровски е Студеничани. И таму најмногу гласови заминале на контото на Османи, 2.839 или 50,52 отсто, а за Таравари гласале 1.868 жители или 33,24 отсто. Следен е Пендаровски со 443 гласови или 7,88 отсто, додека пак Сиљановска освоила 336 гласови, односно 5,98 отсто. Во Арачиново, која е втора општина со предност на Пендаровски, најмногу гласачи се одлучиле за Османи, односно 1.841 жители или 53,39 отсто, а втор е Таравари со 1.093 гласови или 31,70 отсто. Пендаровски е трет со 419 гласови или 12,15 отсто, а четврт е кандидатот на ГРОМ и коалицијата, Стевчо Јакимовски со 12 гласови или 0,35 отсто. За Сиљановска во оваа општина гласале деветмина или 0,26 отсто.

Во Сопиште, општина близу Скопје, за Сиљановска гласале 1.609 жители или 50,66 отсто, а Пендаровски добил 451 глас или 14,20 отсто. Сиљановска води и во Петровец, каде освоила 2.439 гласови, односно 59,11 отсто. За Пендаровски се одлучиле 590 жители со право на глас, односно 14,30 отсто.

Во Илинден, за Сиљановска се одлучиле 5.582 жители, односно 62,87 отсто. Втор е Максим Димитриевски, кандидат од ЗНАМ, кој освоил 1.462 гласови или 16,47 отсто, а Пендаровски добил 1.017 гласови, што го прави трет во оваа општина близу Скопје со 11,46 отсто. Во Зелениково пак, Сиљановска добила 1.041 гласови или 54,36 отсто, а Пендаровски е зад неа со освоени 404 гласови или 21,10 отсто.

Би можело да ве интересира

Грузиската Централна изборна комисија ги објави конечните изборни резултати, опозицијата продолжува со протестите

Граѓаните не сакаат предвремени парламентарни избори, вели Мицкоски

Филипче: Ние сме подготвени за избори, ќе настапиме многу организирано и многу поуспешно

Објавени се конечните резултати од изборите во Подгорица

Проруската владејачка партија прогласи победа во Грузија, опозицијата излегува на протести

Предраг Петровиќ

Бугарите викендов одат на седми предвремени избори во последните четири години, неизвесно е кој ќе биде иден мандатар