Сиљановска во Ваташа: На 5 мај ќе има основ да се слави

Од:

Велат дека мојот говор е поинаков, дека моите настапи се поинакви, дека мојот речник е поинаков. Не само женски туку дека ги адресира вистинските проблеми, резултатот е охрабувачки, јас ќе продолжам по свое. Мислам дека доволно ги инспирирав граѓаните во првиот изборен круг за да излезат и во вториот изборен круг, се обрати Сиљановска денеска во Ваташа.

Мислам дека во вториот изборен круг ќе бидат похрабри оние врз кои се вршеше притисок исто така мислам дека во вториот изборен круг оние што имаа дилеми, ги разрешија дилемите. Јас веќе настапив во „Јавна соба“ разговарав отворено и спремна сум со сите да се соочам. Оние кои мислеа дека не вреди да се излезе на овие избори, охрабрувачки е, ги гледате дебатите и не би сакала да ги коментирам, рече Сиљановска.

Јасен е резултатот, како што вели Сиљановска и додава, мислам дека сме на прав пат и дека на 5-ти мај ќе има основ да се слави, и не зошто за прв пат жена победила во Македонија на претседателски избори, туку затоа што јас верувам дека треба да се вреднува знаењето, умот, одговорноста, блискоста до граѓаните, скромноста ако сакате и дека тоа е демократската добитна комбинација.

Се разбира, без помош на граѓаните јас ништо не можам да направам. Но го имаат мојот збор дека од првиот ден јас ќе бидам со нив и дека никогаш нема да заборавам дека ништо не би постигнала без поддршката на луѓето, еве и овде во Ваташа, заврши Сиљановска.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Мицкоски: Изборниот процес се одвива мирно и достоинствено, очекувам да прогласиме уште една историска победа

Горан Наумовски

Излезеноста до 15 часот 31,16 отсто, ист одзив има и во Град Скопје

Горан Наумовски

МВР: Во Прилеп уапсени се две лица поради „поткуп при избори и гласање“

(ВИДЕО) Шабани: Сите изборни органи да ги следат насоките од ДИК и да не ги попречуваат медиумите во извршувањето на нивната работа

ОДИХР: Набљудувачите ги следат сите аспекти поврзани со изборите, не е битен само денот на изборите, туку и предизборните процеси

Обвинителство: Денешниот изборен ден поминува генерално мирно и без поголеми нарушувања на изборниот процес

Горан Наумовски