Силјановска: Со Заев добивме монархија, време е за револуција на умовите

Од:

Ви благодарам што повторно имавте разбирање за некој кој е натпартиски, рече професорката Гордана Силјановска Давкова на вечерашната конвенција на ВМРО-ДПМНЕ за претставување на кандидатите за пратеници, што се одржува во Македонската Филхармонија.

Силјановска е носител на листата во првата изборна единица. Таа пред присутните рече дека се израдувала кога видела дека на листата има луѓе што не ги знае и никогаш не слушнала, но потоа дознала дека тие се почитувани во средината и во професијата.

„На претседателот Христијан Мицкоски му велам ‘мора да направите влада што ќе личи на вас, влада што ќе биде како експертска, влада во која ќе седат луѓе кои во професијата се препознаени и знаат што да прават, влада помала од оваа, мора да побарате сами да одговарате на пратенички прашања еден ден во неделата, тоа одамна не сме го виделе’. Замислете пратенички прашања еднаш месечно на свети четврток. Мора да ставиме крај на ова. Јас со своето знаење ве уверувам дека ќе се водам од правото, од правдата и од моралот. Ние мора да втемелиме, да возобновиме политика во границите на правото. Само таквата политика ќе овозможи европски стандарди на демократијата и ќе ни го отвори патот кон Европа. Тоа и не е пат. Тоа е познавање, тоа е обнова. И јас навистина верувам дека обновата е пред портите на Македонија“, рече Силјановска.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и партнерите од СДС треба да одговараат кривично за саботажа на банкарскиот систем во државата

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2026 година

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Младите брачни парови и самохрани родители до 40 години ќе се ослободат од комуналии за да се реши станбеното прашање

Сиљановска-Давкова: Дијалогот со ЕУ мора да биде суштински – македонската држава очекува еднаков третман со другите земји кандидатки

А1он

Сиљановска-Давкова ѝ честита на Јотова: Со добра волја може да ги надминеме предизвиците

ВМРО-ДПМНЕ: Богданци заслужува повеќе, после три мандати на Шапов, општината се соочува со сериозни предизвици