Сиљановска: На 5 мај кога правдата ќе завладее во Република Македонија, ќе дојде и подобро утро за сите граѓани и за земјоделците

Од:

Сите граѓани на Македонија имаат проблеми со сиромаштијата, корупцијата, непотизмот. Но и чесните земјоделци кои работат чесно својот производ да го продадат, но власта секојдневно ги заборава и лаже, рече Сиљановска денеска на средбата со земјоделците од Овчеполието.

Според неа, земјоделците добија ниски откупни цени, со што беа приморани својот род да го фрлаат, наместо зголемување на субвенции, тие дополнително се намалија, дури и доцнат.

Сиљановска Давкова истакна дека Владата ништо не испочитувала од она што им било ветено на земјоделците, од употребата на зелена нафта, од загарантираниот откуп на произведеното до повисоките субвенции.

На 5 мај кога правдата ќе завладее во Република Македонија, ќе дојде и подобро утро за сите граѓани и за земјоделците, заклучи Сиљановска.

Би можело да ве интересира

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?

Бурата како спас: Вентура бара одложување на вториот круг од претседателските избори во Португалија

Радев најави предвремени парламентарни избори во Бугарија

СДСМ ќе го поддржи опозицискиот кандидат Валбон за градоначалник на Гостивар

Конечен извештај на ДИК за локалните избори 2025 – следуваат повторени избори во четири општини

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за изборни повреди на 2 ноември