Силјановска до Заев: Надвор сум од концептот во кој работа има само за децата на ваши функционери

Од:

Кандидатката за претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска, се огласи на нејзиниот профил на „Фејсбук“, откако премиерот Зоран Заев изјави дека таа е спротивност на концептот на едно општество за сите.

„На навредите и етикетите кон мене им се придружи и премиерот. И морам да кажам дека се согласувам со него дека сум надвор од неговиот концепт за животот. Јас сум надвор од неговиот концепт на живот во кој работа има само за децата на неговите министри и владини функционери. Надвор сум од неговиот концепт за живот во кој тендери има само за неговите соработници, пријатели, роднини и партиски другари. Не сакам да бидам дел од концептот во кој живеењето значи од Фондот за пензиско и инвалидско осигурување да исчезнат 19 милиони и никој да не одговара. Да, јас сум надвор од моралните норми во кои во сообраќајка загинаа 15 луѓе а никој не презема политичка одговорност за трагедијата“, напиша Силјановска.

Гордана Силјановска, претседателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНE е надвор од секој можен концепт на актуелната власт и не е прифатливо решение за нас, изјави претходно премиерот Зоран Заев по средбата со лидерот на ДУИ, Али Ахмети на која разговараа за консензуален кандидат за претседател.

Според него, опозицискиот кандидат воопшто не е профил за консензуален претседател и е спротивност на концептот едно општество за сите.

 

Би можело да ве интересира

Ковачевски за средбата со Заев и Ахмети: Зборувавме за настапот на партиите на изборите и за членството во ЕУ

Александар Тодески

Ковачевски за писмото на Заев: Во демократија секој има право на став

Блиски луѓе на Заев ќе работат за фирма на белоруски конзул во Македонија: Кој ќе копа јаловина во РЕК Битола за 25 милиони евра

Орце Костов

Ципрас во Струмица на гости кај Заев

Заев: Очекуваме грчката страна да го исполни делот од Преспанскиот договор кој се однесува на патоказите

Груби: Ќе има Албанец премиер, договорија Ахмети и Заев, потврди и Ковачевски

Катерина Ѓуровски