Силјановска Давкова: Референдумот не успеа ама власта заборави на народот

Од:

Кандидатот за претседател на Република Македонија Гордана Силјановска Давкова пред граѓаните на Македонски Брод праша има ли повистинско место да се говори за правото и правдата во Македонија од Македонски Брод.

-За тоа е најголемиот доказ за името на ова прекрасно место дека придавката македонски природно си е врзана и неразделна е од Македонија, рече таа и го допре прашањето за Уставот за кој рече дела „треба ретко да се менува и тоа со рака што трепери“.

-И тоа не од страв туку од одговорност. Зошто Уставот е најважната правна и политичка книга на една држава. Што значи и на Македонија. За двесте години Американците само 27 пати го смениле Уставот, а тој има само 7 члена, посочи Силјановска Давкова како споредба. Додека ние го сменивме Уставот 36 пати од 1991 година ама само 2 пати од внатре, еднаш заради притворот и втор пат заради правосудството. Сите други измени доаѓаа од надвор. На барање од надвор, појасни Силјановска Давкова.

Таа кажа дека минатата година Уставот на Република Македонија се менувал не заради граѓаните, не заради добрата функционална држава, не заради подобар економски, политички, правен живот туку заради промена на името. И во Преамбулата.

-Преамбулите е тоа е еден дел што му претходи на Уставот ама тоа не е неважен дел. Таму во нашата Преамбула пишува нешто што го слушаме или кога ја пееме химната. Се кажува за славното минато, за Илинден, за Крушевска Република, за Втората Светска војна, за целите што ни се најважни. Преамбулите во светот ретко се менуваат. Зошто? Зошто Преамбулата го отсликува од кога е донесен Уставот, од 1991 година, истакна Силјановска Давкова.

-Да потсетам дека граѓаните рекоа НЕ за промена на името. Референдумот не успеа. Ама власта заборави на народот. Ние со молкот испративме порака до власта дека не ги легитимираме ни власта ни референдумот. Туку ги делигитимираме, се осврна Силјановска Давкова.

Силјановска Давкова рече дека граѓаните со молкот што го бојкотираа референдумот посилно одекна и овде и надвор отколку во Парламентот. И наместо да си поднесе оставка власта, да си замине бидејќи по неуспешен референдум сите државници би си заминале, би се извиниле.

Ама нашата власт си остана и си продолжи да го менува Уставот.

Не гледам јас надеж дека во јуни ќе добиеме датум за преговори. Не дека се лоши кон нас туку затоа што бараат стандарди да се исполнат што се Копенхагешки критериуми, како владеење на право, економија, борба со корупција и криминал, борба со непотизам ама и затоа што ЕУ си има сериозни сопствени проблеми и се разбира дека секој, секогаш, секаде прво треба да се води од сопствените интереси така и ние националните интереси,а потоа да се согласуваме и да потпишуваме. Ама национален интерес не се гради меѓу двајца, меѓу тројца, туку со консензус, со опозиција, со претседател на држава. А, најмногу со народот, истакна Силјановска Давкова.

Силјановска Давкова објасни дека сликата на државата не е блескава, не е европска. Нема владеење на право ама нема дури ни елементарна поделба на власта. Кога власта е на едно место, дома, на работа, во државата тоа е лошо. Може да ја злоупотреби и ќе се прекршат слободи и права на граѓанинот. И економијата е нула. Има само непотизам кој секој ден се повеќе се шири.

Треба да победиме на изборите за да уште веднаш ги делигитимираме. И да ги испратиме на незаслужен одмор, зошто ништо не сработиле, освен што го сменија името. И да ги потсетиме дека треба предвреме да ги распишат парламентарните избори. Само така програмата, само така идеите европски, само така посветеноста и знаењето ќе можеме од сите да ги впрегнеме, од најумните, нагласи Силјановска Давкова.

Би можело да ве интересира

Ќерка со нож си ја ранила 76 – годишната мајка

СДСМ и коалицијата го презеде мнозинството во Советот на Македонски Брод

Само 11 матуранти, а 22 професори во гимназија во Македонски Брод – Во еден клас ќе матурираат тројца

Орце Костов

Домот на културата во Македонски Брод реализира пет проекти со финансиска подршка од Министерството за култура

А1он

Треска се излеа кај Македонски Брод, силните врнежи ги оштетија и патиштата до повеќе села во Поречијата

А1он

Четириесет години игра и песна со КУД 7-ми Септември, јубилеен концерт утре во Македонски Брод

А1он