Маж од Македонски Брод e приведен поради пожарот во Брезница

Од:

Полицијата приведе 38-годишен маж од Македонски Брод постапувајќи по пријава дека вчера околу 10 часот предизвикал пожар во село Брезница.

– Полициски службеници го уапсија М.Т.(38) од Македонски Брод, постапувајќи по пријава дека на 5.9.2026 околу 10 часот предизвикал пожар во с.Брезница, Македонски Брод, така што од искрење на бензински тример за косење, во близина на неговата куќа во с.Брезница, настанал пожар кој се проширил кон соседните имоти – соопшти МВР.

Повредени лица нема, а пожарот е изгаснат од екипа од ЈП „Национални шуми“ и локалното население. По документирање на настанот ќе следува соодветна пријава.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Пожар во воена база во Канада, има жртви

(ВИДЕО) Пожар во Калифорнија зафати 465 хектари – издадена е наредба за итна евакуација

(ВИДЕО) Голем пожар уништи еден од најпознатите париски пазари

Уапсен е австриски државјанин на „Табановце“, во неговото возило е пронајдено оружје

А1он

Уапсен е 25 годишник во село во Старо Нагоричане – пијан предизвика пожар

А1он

Владата препорача работа од дома за вработените во институциите во зградата на „Нова Македонија“ поради техничката хаварија