Сиљановска Давкова од Прилеп: Македонија поради оваа власт го допре дното, секој ден граѓаните стануваат се посиромашни

Од:

Восхитена и вознемирена сум од глетката, во Прилеп е посебна чест да се зборува. Знам дека во Прилеп е посебна прилика да се слуша химната, знам зошто Прилеп е синоним за слободарство, зошто се тука почна. Тука почна битката за македонските правдини, за македонската држава, рече Сиљановска Давкова вечева во Прилеп.

Таа истакна дека најмногу ја вознемирува случката што се случи пред седум години на Смилковското езеро. Настанот што со право може да се нарече терористички, и без право и правда, а тоа е државата во која што живееме. Тоа не го заслужуваа невините луѓе. Тоа е атак врз уставниот поредок. Тоа е терористички чин. Меѓутоа правен епилог нема.

Да потсетам што велеше премиерот тогаш дека има снимки, дека никој нема да остане неказнет, но се чини дека правото и правдата не стигаат, нагласи Сиљановска Давкова.

Сиљановска Давкова вети дека ќе се раководи на Уставот и законите, ќе го остави судот да суди и нема никој да се меша во судската власт. Но додека премиерот е претседател на Советот на судски реформи право и правда нема да има.

Правото и правдата, законите и Уставот постојат за граѓаните. Не за да се декларираме пред ЕУ дека имаме Устав и закони. Но правото и правдата кога ги нема во реалноста, Уставот и законите се обичен декор. Ние тоа сметаме дека не е доволно, ние ќе сториме се за да ги оживотвориме, за да ги примениме, за сите да бидеме еднакви пред нив, да нема политички реваншизам, да нема селективна правда, да има владеење на правото.

А, не владеење на една група олигарси кои го користат Преспанскиот договор и ја користат спогодбата со Бугарија за да станат побогати. Се разбира дека тоа е нивното алиби, никогаш не го зголемила како сега сопственото богатство, посочи Сиљановска Давкова.

Таа потсети дека откако оваа власт е тука секој ден има енормни скандали што ја тресат државата. Невидена корупција, криминал, клиентелизам, непотизам, и Македонија стана најскандалозната земја во Европа.

Нели минатата година ова власт го прославија почетокот на преговорите со ЕУ. Годинава само требаше да дојде јуни и ние да ги почнеме преговорите.

Ама сега од ЕУ доаѓаат гласови дека е потребна подготвителна фаза. За што подготвителна фаза? Можеби знаете што е најлесно? Како што го ставија знамето на НАТО пред да влеземе во НАТО, можеби ќе доживееме и за инспирација на ЕУ, да го истакнат и знамето на ЕУ, за да има за што да слават, нагласи Сиљановска Давкова.

 

Сиљановска Давкова истакна дека Македонија е далеку од ЕУ. Над 640 милиони евра инвестиции власта вели дека има, но со право лидерот на ВМРО-ДПМНЕ истакнува дека станува збор за реинвестиција. И кога ќе се тргнат настрана реинвестициите тогаш одвај ќе останат 60-тина милиони евра.

Македонија поради оваа власт го допре дното, секој ден граѓаните стануваат се посиромашни.

Колку можеме да поднесеме финансирање на неквалификувана администрација, податоци и немаме за администрацијата. Фигурираат различни бројки дури и сами не се усогласени. Премиерот зборува за дури и 40.000 нови вработувања, министерот за финансии вели дека се 28.000 вработувања.

Министерот за информатичко општество вели дека се 25.000 вработувања, не знам која е вистинската бројка, но резултатот од нивната работа е нула, истакна Сиљановска Давкова.

Сиљановска Давкова ја посочи како за пример денешната изјава на министерот за информатичко општество кој што предупреди дека за отворање на преговорите и за менаџирање на преговарањето потребно е да се ангажира интелектуалци во земјава. А, 25.000 или 28.000, или пак 40.000 во која сфера се вработени во администрација, но со сигурност се вработени поради партиската книшка. Корист од таква администрација нема.

Повикуваме на правото и правдата во Македонија, за Македонија, за македонскиот народ, за другите припадници на народите, за граѓаните и граѓанките во Македонија. Владејачката структура го злоупотребува правото, таа го злоупотребува правото кршејќи ги нашите права. И затоа ние ќе ставиме крај на таа династија, нагласи Сиљановска Давкова.

Сиљановска Давкова вети на граѓаните во Прилеп дека како претседателка ќе стори се за нивното добро. Вети дека ќе биде своја во мислата, во стратегијата, во методологијата, во оригиналноста. Редно е Македонија ако е наша татковина да има мајка на чело на државата.

Би можело да ве интересира

Во прекин сообраќајот на патот Прилеп – Градско поради сообраќајка

Жена од Прилеп се заканувала дека ќе запали кафеана

Горан Наумовски

Одрон на патот Прилеп – Витолишта, сообраќајот се одвива отежнато

А1он

Барање за подготвителна постапка против малолетник за убиството на дете во Прилеп

Детали за вчерашното убиство во Прилеп: Уапсени се малолетник и 21-годишно момче

Горан Наумовски

Свирепо убиство во Прилеп: Младо момче избодено до смрт

Катерина Ѓуровски