Силјановска Давкова: Костурот на државата е скршен, потребен ни е нов општествен договор

Од:

Професорката и пратеник Гордана Силјановска Давкова, на денешната трибина на ВМРО-ДПМНЕ „Нов договор – заеднички патриотизам“, посочи дека потребно е враќање на европските темели каде се цени индивидуата, партизацијата на институциите и бркање на способните и стручните млади е реалност, скршен е костурот на државата, но тоа мора да се промени со новиот општествен договор за да не се распадне општеството.

-Демократскиот политички лепак е граѓанството, затоа треба да се зборува за неговото височество граѓанинот и индивидуата како извор на суверенитетот, тој конститутивен елемент обединува, ние можеме да се натпреваруваме и да бидеме рамноправни пред Уставот и законите како индивидуи, а кај нас за жал дури и она начело кое можеше да биде многу важно правична и соодветна застапеност не функционира, посочи Силјановска Давкова.

Таа вели дека начелото за правична и соодветна застапеност не значи дека лидерите на сегментите треба кого сакаат да вработуваат и кого сакаат да поставуваат на функции, туку истото значи дека треба да се почитува процентот на застапеноста во општеството, но никогаш без правичното, односно стручноста и компетентноста.

Само ако луѓето се исти во критериумите одреден етникум би имал предност, а доколку се нема компетентност и стручно туку само волјата на лидерот на партијата тоа не е ни правично ни соодветно, појасни Силјановска Давкова.

Таа објасни дека институциите во Македонија се наполнија со партиски војници, се’ се „фамилијализираше“ и така се скрши костурот на државата, па по тоа потребен ни е нов концепт и за да не се распадне општеството треба да посегнеме по европските темели, тоа е знаењето, стручноста и компетентноста на индивидуата.

Се што персонифицираше знаење и компетитивност и стручност го избркаа намерно и сеуште ги гонат моите најдобри студенти, Албанци, Турци, Роми, Власи, Македонци, а останаа оние кои немаат избор, и оние кои единствено занимање им е да одлучуваат за другите, ете тоа мораме да го смениме, како, со еден нов општествен договор, истакна Силјановска Давкова на денешната трибина.

Би можело да ве интересира

Мисајловски: За да направиме историска победа за Македонија, ни треба поддршка од целиот македонски народ

(ВИДЕО) Мицкоски: СДС и ДУИ неколкумина од власта се граѓани од прв ред, а сите други од втор ред

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Мицкоски и ДПМНЕ немаат план ниту визија, со нив нема членство во ЕУ

ВМРО-ДПМНЕ: СДС ја фрли државата во хаос, ова не е Македонија која ја сака народот

Силјановска Давкова: Мора да имаме уставен патриотизам, да ги почитуваме основните одредби на Уставот

ДУИ: Сакале или не СДСМ и ВМРО, идниот претседател ќе се избира во Собранието

Катерина Ѓуровски