Силен ветер вечерва во Скопје, откорнати дрвја

Од:

Во Скопје вечерва дува силен ветер со брзина од околу 70 километри на час. Во делови од градот има откорнато покриви и дрвја кои го попречуваат сообраќајот.

Во скопската населба Хром кратко време имало и прекин на напојувањето со електрична енергија.

Град Скопје на официјалната Фејсбук страна ги предупреди граѓаните да се воздржат од непотребни излегувања од домовите и да избегнуваат прошетки под дрвореди, а возилата да не ги паркираат под крошните на дрвјата.

Градските екипи се подготвени за расчистувањето на снегот, а од „Паркови и Зеленило“ се веќе на терен каде ги подигнуваат паднатите гранки и дрвја, пишува на официјалната страна на Град Скопје на Фејсбук.

Управата за хидрометеоролошки работи најави од вечерва промена на времето со пад на температурите, дожд и снег.

Би можело да ве интересира

Силни бури во Европа: Град во Италија, јак ветер во Словенија, невремето стигна и до Хрватска

A1on

Најмногу дожд наврна во Крива Паланка, попладне локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер

Големо невреме со пороен дожд, грмежи и град северозападно од Куманово

Автопатот Скопје-Блаце носи нов импулс за развој, вели Николоски

Торнадо ја погоди Словенија и остави пустош: илјадници луѓе останаа без струја

(ВИДЕО) Вирусот на западнонилска треска се шири: 43 случаи, првпат потврден и кај мртов гавран во Скопје

Горан Наумовски