(ВИДЕО) Шврговски: Очекуваме позитивно мислење од СЈО и ослободување на Мијалков од притвор

Од:

Се уште нема официјално известие дека е стигнато мислење од СЈО за ослободување од притвор на Сашо Мијалков. Се надеваме дека денеска ќе стигне, а утре да се одлучува. Очекуваме позитивно мислење и позитивна одлука, рече адвокатот на Сашо Мијалков, Љупчо Шврговски.

По барањето за ослободување од притвор на Сашо Мијалков ќе одлучува судија по претходна постапка, кој ја одреди мерката притвор.

Обвинетиот Мијалков побара ослободување од притвор со замена на поблага мерка, со гаранција од 1 милион евра.

Адвокатот Шврговски истакна дека кога се поднесува гаранција тоа се однесува на бранење од слобода, што очекува и да биде одлуката на судот.

„Кога се нуди гаранција, истата се нуди за бранење од слобода, а не за куќен притвор. Каков ќе биде ставот на Обвинителството не знам, но очекуваме целосно да биде ослободен. Во секој случај подобро куќен притвор, отколку затворски. Сепак условите во истражниот затвор во Шуто Оризари и дома не се исти“, рече Шврговски.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

Мијалков излегува порано од затвор, Апелација го врати предметот „Империја“ на повторно судење

Орце Костов

Јанакиески излегува во јуни, за Мијалков ќе одлучува Кривичен

Ослободителна пресуда за Мијалков и Јакимовски за „Трезор“

Анита Петровска Рајковиќ

Во Кривичен пресуда за Трезор

Повторно ќе се продава имот на Сашо Мијалков, државата очекува два милиона евра од плацевите на Водно

Катерина Ѓуровски

Небиу: Вработените се мета на вознемирување и заплашување, поради обидите да го продадат конфискуваниот имот на Мијалков