Tуристичката понуда и потенцијалите на земјава од 21 до 24 март беа претставени на саемот за туризам во Гетеборг, Шведска.
На огромен штанд, туристичката понуда и капацитети ги презентираат Македонските инкаминг тур оператори Mac Sun Travel и Visit Macedonia, а присутни се и туристичките агенции Simonium и Fibula Travel и хотелската асоцијација HOTAM.
– Беа направени состаноци кои ветуваат многу со едни од најголемите и најпознати тур оператори во Шведска како Scandjet, Appolo, Focus Travel и The Travel Collection. Огромниот интерес за македонската кујна е она што ме остави без текст, додека интересот за спа туризмот заедно со здравствениот и ловниот туризам се веднаш зад него – изјави Никола Костадинов, претставник од Агенцијата за поддршка и промоција на туризмот, која беше организатор на претставувањето на земјава во Шведска.
Според организаторот, воспоставувањето директна авио линија на релација Скопје – Стокхолм со Wizz Air, и зголемувањето на субвенциите од 25 евра на 65 евра за тур оператори од скандинавските земји, ќе придонесе во наредниот период Македонија да биде на туристичката мапа на скандинавските тур оператори. ”
Ова е 12. по ред саем за туризам на кој Република Македонија ја претстави својата туристичка понуда.